Кој се грижи за граѓаните и за нивните проблеми?

Една од најважните работи во еден изборен натпревар е наметнувањето на темите, односно создавањето на вкупниот наратив. За овие избори има јасна разлика, јасна дистинкција. ВМРО-ДПМНЕ сака да ги наметне темите поврзани со економијата, фабриките, растот на животниот стандард и локалните проекти. СДСМ и СЈО сакаат да ги наметнат како теми хајките, апсењата, реваншизмот, судирите и тензиите.Прашањето е што ќе преовлада. Што е поважно? Што е порелевантно во животите на луѓето? Од што ќе се живее подобро? Одговорот е многу едноставен. Во секоја варијанта, луѓето повеќе ги интересира растот на нивниот стандард. Подобра живејачка и поквалитетен живот. Раст на платите за полесно да се платат сметките. Нов асфалт, за подобар пат. Нов мамограф за да се спасат повеќе животи. Лесно е да се направи прес-конференција во СЈО. Се излегува со обвинувања, камерите се запалени. Еден куп опозициски медиуми се тука, со десетици и десетици новинари. Нели, тоа е Македонија во која нема слободана демократија, а во која опозициските првенци не се симнуваат од ТВ, а опозициските весници, радија и интернет- портали не може да се добројат.
Но, дали таа прес-конференција на СЈО или СДСМ ќе донесе макар едно ново работно место? Дали ќе донесе макар една нова фабрика во која ќе се вработат 100, 200 или 500 луѓе? Дали тие бомбастични прес-конференции и ноќни упади ќе значат решавање на макар еден единствен проблем со кој се соочуваат граѓаните секојдневно? Ветуваа инклузивност, а носат партизација поголема од кога било. Погледнете ги општина Kуманово или општина Струмица. Има ли таму демократија, во тие институции? Пишува ли некој од вработените колумни во кои се критикува градоначалникот Заев или градоначалникот Дамјановски? Во државните институции може да најдете еден куп, стотици и илјадници вработени што се јавуваат на контакт- емисии, кои настапуваат на прес-конференции, учествуваат во „шарени револуции“, објавуваат на „Фејсбук“ или пишуваат колумни на сите можни теми, вклучувајќи и жестоки критики кон Владата.
И, добро е што е така. Македонија е демократска земја, со плурализам и со различни мислења. Но, нашите „борци за демократија“ сметаат дека Македонија е под окупација, дека тука има „режим“ и дека немало слобода. Па истото ни го соопштуваат од сите можни страни, со напад врз сите сетила, од сите можни страни, од сите можни фреквенции. Но, каде е таа демократија за стотици и стотици вработени во општина Центар, во општина Струмица или општина Kуманово? Има ли макар еден вработен таму што се јавил во некоја емисија, напишал колумна или објавил на „Фејсбук“ против градоначалникот? Тоа ли е демократијата на СДСМ? Таква демократија сакаат да наметнат? Тоа ли е реперот според кој ќе работат? Понатаму, преку ангажирањето на партиската пешадија на СДСМ во сите општини, медиуми, НВО, СЈО и МВР под контрола на СДСМ, се испраќа јасна порака за агендата и праксите на овие политички структури. Но, уште еднаш, останува јасниот заклучок.
Од сите нивни циркуси, од сите нивни претстави, од сите нивни забави, обичниот гласач нема да види буквално ништо. Никој од првенците на СДСМ, нивната НВО пешадија, ниту од нивните промотори и покровители го нема како приоритет интересот на Македонија и македонските граѓани. Можеби има и добри намери и добри желби, но нивните приоритети и нивната примарна лојалност е на друго место и на други адреси. Нивната главна задача не е да се направи патот преку Голак, да се отвори новата фабрика во Велес или да се најде пласман за производите од Пелагонија. Примарната задача на омнибусот на СДСМ е да бистрат политика, максимално да ја блокираат Владата на ВМРО- ДПМНЕ и да направат што е можно повеќе штета. Не да решаваат проблеми, туку секојдневно да создаваат нови.
Ете затоа е важен овој натпревар во наративи. Се работи за дефинирањето на вкупниот дискурс на овие избори. Се работи за едно од клучните прашања следниве 50 дена. Следниве 50-ина дена ќе ја дефинираат состојбата во Македонија следниве 4 години. Ќе ги дадат правците за излез од кризата или нејзино продлабочување, со нејзино продлабочување.
Затоа, пресовите на СДСМ, нивните НВО или СЈО се привремен феномен, привремена актуелност која е интересна 1, 2 или 5 дена, од која нема корист просечниот човек и обичниот граѓанин, а проектите за фабрики, градинки, асфалт и нови болници се нужност, решение и потреба која ќе ја користат десетици илјади граѓани следниве децении. Тоа е разликата. Тоа е изборот. Граѓаните со право ќе гласаат за онаа опција што ги решава нивните проблеми, што има слух за нивните потреби.
Влатко Ѓорчев за ДневникПрашањето е што ќе преовлада. Што е поважно? Што е порелевантно во животите на луѓето? Од што ќе се живее подобро? Одговорот е многу едноставен. Во

Пронајдете не на следниве мрежи: