Кој сè ја потпиша декларацијата за заштита на угледот на македонската дипломатија

Писмената декларација на ПС на Советот на Европа насловена “ Заштита на угледот на македонската дипломатија” која ја повикува Владата на Република Македонија да престане со неодговорното однесување и да не го блокира поставувањето на Александар Николоски за македонски амбасадор и шеф на мисијата при Европската унија, е поддржана од вкупно 54 европски пратеници. Порталот Телеграф.мк издвојува дел од нив.Декларацијата е потпишана од   Ѓузепе Галати e пратеник од Демократската партија на Италија. Во рамки на Советот на Европа извршува низа функции од кои позначајни се членувањето во Мониторинг комитетот, а претседател е Комитетот за социјални работи, јавно здравје и одржлива средина. Аморусо Франческо е пратеник во Италијанскиот парламент. Во рамки на Советот на Европа имал активности во два мандати од 1996 до 2001 година и од 2013 се до денес. Тој е заменик претседавач со Комитетот на социјални работи, јавно здравје и одржлива средина. Бадеа Виорел е романски политичар и член на Сенатот во Романија. Чентемеро Елена е пратеник од Италијанскиот парламент и  потпретседател на Форца Италија.
Во ПС на СЕ е претедател на Комиетот за еднаквост и не-дискриминација, како и на Поткомитетот за родова еднаквост и Поткомитетот за правата на малцинствата.  Жозе Цепеда е член на  Сенатот на Кралството Шпанија од Социјалистичката партија и член на Групата на социјалисти во рамки на ПС на Советот на Европа.  Ценгер Залан Золт е пратеник во Националното Собрание на Унгарија.  Золт е Прв-Потпретседател на Комитетот за миграциите, бегалците и раселените лица и член на Мониторинг комитетот во ПС на Советот на Европа.
Дивин Серџио е пратеник од Италија и потпретседател на Комитетот за одбрана на Италјанскиот парламент. Еклс Дајана е член на Британскиот парламент од владејачката Конзервативна партија на премиерот Тереза Меј. Во рамки на ПС на СЕ е член на Комитетот за култура, наука, образование и медиуми, Мониторинг Комитетот и потпретседател на Поткомитетот за култура, разлики и наследство. Гутиерез Антонио е сенатор во Шпанскиот сенат од Социјалистичката партија на Шпанија член на Групата на Европските социјалисти. Тој е еден од највидните социјалисти и е  потпретседател на ПС на Советот на Европа. Херкел Андрес е пратеник од Естонија.  Бил шеф на Делегацијата на Естонија во ПССЕ, а бил и Потпретседател на ПС на Совет на Европа, како и на Мониторинг комитетот.  Хофман Роза е член на Парламентот од Унгарија и член на ФИДЕЗ. Една од највлијателните унгарски политичари, била државен секретар во Министерството за образование.
Крос Ерик -Нилс е пратеник од Естонија и член на Алијансата на либерали и демократи во Европа. Исклучително влијателна фигура во Естонија, помеѓу другото бил и шеф на разузнавачката служба на Естонија.Цезар Флорин Преда е повеќе од 13 години пратеник во Ромнскиот Парламент, како и Потпретседател  на владејачката Национална Либеерална Партија, тој е исто така Претседател на Мониторинг Комитетот на ПС на Совет на Европа, одговорен за почитување на стандардите на Советот како и на обврските на земјите членки, пред се во делот на човековите права, демократијата, владеењето на правото, слободата на медиумите и слободните избори. Мартин Полиачик е пратеник во Словачкиот Парламент од 2010 година, еден од највлијателните политичари во Словачката Република и член на најтесното раководство на Партијата на слобода и солидарност.
Андреа Ригони е 11 години пратеник во Италијанскиот Парламент од социјал-демократската Демократска партија на доскорешниот премиер на Италија Матео Ренци и актуелниот Премиер Паоло Џентолини. Елизабет Шнајдер Шнајдер е пратеник во Швајцарскиот парламент од Христијан-демократската народна партија на Швајцарија која е најбројна партија во Советот на државата ( горниот дом) на Швајцарија. Ингјерд Шоу е пратеник во Норвешкиот Парламент вкупно 12 години, една од највлијателните политичари во Норвешка при што била и Министер за труд и социјала на Норвешка. Андреј Ширчељ е пратеник во Словенскиот Парламент, во својата политичка кареира бил и Генерален Секретар на Владата на Словенија. Познат е економист и бил на бројни раководни позиции во банкарскиот сектор.
Серхиј Соболиев е еден од највлијателните украински политичари легенда на револуциите за отфрлање на комунизмот во деведесеттите, како и еден од водачите на портокаловата револуција. Пратеник е во Украинскиот Парламент од 1990 година и е координатор на пратеничката група на партијата на Баткивчина на поранешниот премиер Јулија Тимошенко. Олена Сотник уште еден член на партиите кои ги донесоа промените во Украина, потпретседател е на Алијансата на либерали и демократи во Европа. Тука се надоврзува и Володимир Ариев познат украински новинар и режисер, пратеник од партијата на Претседателот Порошенко, шеф на Украинската делегација во ПС на Совет на Европа.
Егидијус Вариекис една од највлијателните фигури во Литванското општество, политиколог и пратеник во повеќе парламентарни состави. Стефан Веркамер е 10 годни пратеник во Белгискиот Парламент, доаѓа од едно од најпознатите семејства во Белгија, неговиот татко е градоначалник на градот Винкт, а брат му заменик премиер на источна Фландрија. Ан Мари Виролаинен е повеќе од 10 години пратеник во Естонскиот Парламент, како и потпретседател на Кокомус партијата од Естонија.
 

Андреј Војтила е еден од највлијателните полски политичари, пратеник во Полскиот парламент, а бил и министер за здравство на Полска. Волд Мортен е пратеник во Норвешкиот парламент, пред да се занимава со политика бил еден од најпознатите новинари во Норвешка. Тобиас Зек е пратеник во германскиот Бундестаг и еден од водачите на владејачката Христијан Социјална Унија на Германија. Фацоне Клаудио е член на Сенатот на Италија, член на  Форца Италија и член на ЕПП. Гамбаро Адел е член на Сенатот на Италија. Гиро Франческо Мариа е пратеник во Италијанскиот сенат член на  Форца Италија. Во рамки на ПС на СЕ има активности во рамки на Поткомитетот за култура, различности и наследство и  Комитетот за култура, наука, образование и медиуми. Како член на Италијанскиот Сенат е именуван за Потпретседател на италијанската парламентарна делегација во Советот на Европа. Ингебјорг Годскенсен е пратеник во Норвешкиот парламент и член на Прогресивната партија.
Писмената декларација за заштита на угледот на македонската дипломатија е потпишана и од многу други пратеници од вкупно 22 држави што укажува на големата поддршка и интерес која истата ја предизвика. Имено за ПС на Советот на Европа да објави писмена декларација потребно е да се потпишат најмалку 20 пратеници од најмалку 2 партиски групи и најмалку 4 држави. Декларацијата која повикува да не се блокира именувањето на Николоски за амбасадор во Европската Унија ја потпишаа 54 пратеници од 22 европски држави и од сите 5 партиски групи.Декларацијата е потпишана од   Ѓузепе Галати e пратеник од Демократската партија на Италија. Во рамки на Советот на Европа извр

Пронајдете не на следниве мрежи: