Кој се плашел од коските на поетот?

Среде недела кога политички претураме од шупливо во празно, мене мислите ми одат кон изминатиот месец мај кога го работев документарецот за Кочо Рацин. Деновиве пак, привршуваме со подготовки на мојата прва збирка песни „Голтка восхит од солзите на вечноста“. Ќе излажам ако не признаам дека за мојата љубов кон поезијата највиновни се Есенин, Лорка и Рацин. А овој Рацин, ете наш да ти е поет.Според официјалната верзија, Коста Солев Рацин е убиен по грешка од страна на неговите другари, партизани. Велат, бил наглув, поради многуте измачувања и тепања по затвори. Но, според историчарите, цитирам, „Се појавиле сомневања дека неговата смрт е исконструирана поради неговите претходни несогласувања со дел од членовите на Покраинскиот комитет, односно со видни комунистички активисти и неговото јавно несогласување со српските инструктори. Целта била ликвидација на Рацин поради неговите `тврди промакедонски ставови кои не кореспондирале со веќе зацврстената пројугословенска политика на тогашните комунистички првенци на партизанското движење во Македонија`. Како доказ дека станува збор за убиство со умисла, се наведуваат и извонредната видливост на просторот и растојанието од кое се стрелало, само 7-8 метри од жртвата. Во такви јасни и ведри денови, кога непријателските единици се наоѓале на голема далечина, тврдат противниците на официјалната верзија, невозможно е да се помисли дека станува збор за непријателски војник или за случајна грешка од страна на неговите соборци“.
Како и да е, дали зад заговорот навистина стоеле Темпо, Страхил Гигов, Видое Смилевски – Бато и други, можеби еден ден ќе дознаеме, а можеби, не.
Она што го знаеме е дека Рацин бил тешко ранет, ама не бил однесен во партизанската болница, иако имало услови за тоа. Го погребале таму кај што бил убиен, на Лопушник. По војната неговите останки биле пренесени во црквата Свети Пантелејмон во Велес. Но, во седумдесетите години, некоја будала решила да му се стават коските во Спомен костурницата. Тука се и денес. За оние што не влегле во ова здание, да им објаснам. Влегувате во Спомен-костурницата, голема е, но и празна како Пандорина кутија. На чело забалежувате една статуа. Одите до статуата, се вртите околу себе, прашувате, каде е Рацин? Еве тука, ви покажуваат. Еве тука, всушност е една шахта зад статуата. Запечатена шахта. Таму е фрлен Рацин со многу други партизани. 
А Рацин е македонскиот Бајрон, Пушкин, Верлен, Лорка. Само што ние, и покрај фактот што ги имаме неговите коски, немаме негов гроб, споменик… не знам, вие можеби сакате да се сликате на гробот на Џим Морисон во Париз, но јас сакам да седнам и да си поседам до гробот на Рацин. Е не можам. Затоа што некој се плашел дури и од коските на поетот.
Си ветив дека ќе покренам иницијатива да му ги извадиме коските, да му направиме гроб и споменик, да му се извиниме. Разговарав со некои пратеници, бев во Министерството за култура. Има интерес. Имало и претходно, ми рекоа, ама тоа може да биде комплициран процес. Сепак, ми ветија, ќе се стори сè што се може. Јас ќе продолжам со она што го ветив пред Бога и пред себе, ќе си ја терам работата, полека, инаетливо, на сите нивоа, со премиери, лидери, министри, градоначалници. Многумина имаат цели, идеали, револуции во своите мисли. Јас сакам да седнам покрај гробот на Рацин. И да разговарам со него.
Автор: Александар Русјаков
Извор:jadiburek.mkСпоред официјалната верзија, Коста Солев Рацин е убиен по грешка од страна на неговите другари, партизани. Велат, бил наглув, поради многуте измачу

Пронајдете не на следниве мрежи: