Директорот на ДАРМ, Филип Петровски, промовирајќи ја едицијата „Црните страници на УДБА“ во издаваштво на ДАРМ, во емисијата на Јанко Илковски – Јади Бурек, потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ како партија била следена и обработувана од страна на УДБА уште од самото нејзино формирање во 1990 година, кое следење продолжило и во наредните 10 години од независноста, т.е. се до периодот на министерувањето на Павле Трајанов со МВР.-Суштината е дека самото формирање на ВМРО-ДПМНЕ е забележано во аналите на тајната полиција. Еве прво што ми текнува од досијето на Црномаров каде што имаме детален извештај на УДБА за формирањето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и тоа е месец дена по формирањето на партијата, значи некаде во летото 1990 година. Практично имаме 3-4 страници еден темелен извештај, наведено е дека во салата присуствувале на основањето на тој комитет 970 луѓе и она што е значајно се гледа дека оперативците на Тајната полиција биле внатре во салата, зошто затоа што изјавите кои што ги давале при формирањето на тој ОК учесниците, своите ставови кои ги изнеле на бина се темелно и внимателно забележани, сите имиња на учесници се наведени во тој извештај, објаснува Петровски.
Петровски дополниелно заклучува:
-Тоа покажува дека од самиот старт на формирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, таа е под сериозен надзор на Тајната полиција, подоцна се следат сите првенци на ВМРО-ДПМНЕ, но се следи и седиштето. Седиштето е поместено во 8 -от Том на почетокот, тоа е она што го кажав на самиот почеток на емисијата еден поголем извештај, односно збир на документи, каде што буквално може да се види дека и против седиштето на партијата, но и Претседателот тогашен, Потпретседателот и видните членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се водело детално анализа, истрага на комплетното делување, тоа не престанало за жал ни 98 година.
Во текот на интервјуто Петровски истакнува дека СДСМ , како наследничка на СКМ за какова се прогласува е директна насладеничка и на злосторствата на оваа партија.
-Партијата СДСМ се прогласи за наследник на партијата што ова го правеше на СКМ. Се разбира они сакаа да бидат наследник, ради тоа што тие сакаа да го присвојат имотот , но присвојувајќи го имотот и прогласувајќи се за наследници на оваа структура што вака се пресметуваше со чистата македонска мисла, они се наследници и на злосторот и токму поради тоа и треба да се извинат за тој злостор, тоа е многу сериозна работа која што верувај нема да ја премолчат, само уште не им е јасно што има внатре, вели Петровски.
Петровски открива и досега необјавени факти и вели дека 10% од популацијата на Македонија своевремено била следен од УДБА.
-Во 1965 година имало најмалку 137.000 досиеја во Републиката отворени и водени за личности, од кои некој од досиејата биле активни повеќе од 20 години, што значи од 45-65 луѓето биле водени, ако земеме дека Македонија имала тогаш околу еден и пол милион жители, доаѓаме до фрапантна бројка дека 10% од населението било водено во досиеја, таму се заклучени и установени потврдени значајни прекршувања на човековите права, значајно навлегување на Тајната полиција во целиот општествен живот и тоа е за нас е аргумент кој неможе да го оспори никој бидејки сега е веќе историски документ, извештајот е 50 години стар. Извештајот е произведен од тогашниот систем, за самиот систем, додава тој.
Ваквата едиција со факти и документи , не пројави интерес кај некој од медимумите кои се блиски до СДСМ, за нив тоа што 10% од македонската популација била следена, македонската политичка емиграција била ликвидирана и тоа што била загушена желбата за независна Македонија на великаните како Ченто, Доцев, Брашнаров и други дејци е маргинален настан, кој не заслужува внимание.
Имено Оливера Трајковска, во својата емисија Топ Тема на Телма, од 29 Септември се обиде да направи некаква паралела на германската служба „Штази“ која уништувала илјадници досијеа по паѓањето на Берлинскиот ѕид со УБК во Р.Македонија, обидувајќи се да ги поткрепи претпоставките на СЈО за наводен криминал во власта на ВМРО-ДПМНЕ. Со своите тези Трајковска се обидува да ги поткрепи претпоставките на СЈО, кои во целост се совпаѓаат со ставот на СДСМ.
Но сега кога се обелоденети над 13.500 страници оригинални досиеја, на лица кои се бореле за независна Македонија, во кои се гледа на каков ѕверски начин биле уништувани нивните судбини, да молчи и да нема коментар, за судбините уништени од претходниците на СДСМ.
-По падот на берлинскиот ѕид и падот на Штази, 600 милиони фрагменти или претворени во конфети досиеја се искинати од службата, во неможност тоа да го прават апаратите, ги нарекуваат хартиените волци на Штази. Значи оние кои ги правеле досиејата сега седнуваат да ги скинат затоа што премногу брзо и за нив нестварно пред очите паѓа се. Подоцна успеваат компјутерски инжинери, да ги состават сите тие фрагменти со најневеројатна технологија и околу милион и седумстотини илјади германци се пријавуваат од тие составени одново досиеја да ги видат записите за сопствените животи, таа епизода временски некако завршува со тој труд и чувство на германското општество на некој начин да им се одолжи на луѓето кој што биле жртви во стратниот процес, македонската тајна полиција, забрехтано го отпочнува истиот процес. Дали ние сега ќе сведочиме на хартиени волци кои ќе кинат се од тоа што останало таму или ќе успееме да стигнеме низ некаков систем сепак да дојдеме до вистинските одговори во колкава мерка животите на луѓето биле во посед на службите и колкава е штетата направена што е направена од таквиот процес, вели таа.
До каде одела налудничавоста на УДБА се гледа и од примерот со Пратеникот Илија Димовски, кој на својот фејсбук профил објави дека преку едицијата дошол до информација дека бил следен уште од својата 16 година.
Но ништо од ова не мотивира ниту еден медиум под контрола на СДСМ/Сорос да ја поздрави едицијата „Црните страници на УДБА“ и изрази интерес за истата. Нејасно е на што се должи ваквиот мрак во овие медиуми.-Суштината е дека самото формирање на ВМРО-ДПМНЕ е забележано во аналите на тајната полиција. Еве прво што ми текнува од досијето на Црномаров каде