Кој стоеше зад терористичкиот напад во Диво Насеље: Средбите со терористи од Косово доказ дека СДСМ стои зад терористичките напади?

Помина речиси година и половина од терористичкиот напад на Македонија кој се случи во кумановската населба Диво Насеље, во која животот го загубија оссумина херои кои застанаа на браникот на татковината во напад по кој многу прашања останаа неодговорени. Зошто токму Куманово? Зошто токму тогаш? Дали помеѓу терористите беа и странци? Кој ги организираше терористите и кој го нарача нападот?На 9-ти мај 2015 година, уште изутрината Кумановци беа разбудени од рафална стрелба и силни детонации. Првичните информации беа дека се работи за престрелка меѓу полицијата и организирана криминална група која пружа отпор, а МВР повика граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на провокации.
 
Неколку часа подоцна, звуците на автоматското оружје сеуште не се стивнаа, па Македонкската јавност почна да се прашува за што всушност станува збор.
 
Околу 11.00 часот МВР и официјално соопшти дека се работи за анти-тероистичка акција  против вооружена група која имала за цел да организира напад врз државни институции.

Две недели пред нападот во Куманово пак, беше нападната и ограбена караулата во Гошинце при што беше одземено целото вооружување и муниција од караулата, кое пак подоцна се докажа дека е коритено во терористичкиот напад на Диво Насеље.

Додека траеше акцијата пристигнуваа различни информации меѓу кои и информацијата дека помеѓу убиените терористи се наоѓаат и странски платеници со ознаки на армиите на НАТО од САД, Германија и Франција. Овие информации првично и неофицијално ги соопштија и од судска медицина, но подоцна беа повлечени.
За целото време на дводневната анти-терористичка акција, медиумите под контрола на СДСМ, а спонзорирани од Сорос/УСАИД креваа непотребна паника, константно манипулирајќи со информациите. Прво започнаа со дезинформаци дека во Куманово полицијата убила цело семејство, а откако овој медиумски напад беше докажан како лага, истите продолжија со ширење невистини и напаѓајќи ја полицијата со манипулации дека всушност не се работело за терористи туку за граѓани кои се противеле на полициската рација. Небулозно.

Два дена по започнување на анти-терористичката акција, ноќта на 10 мај терористите беа поразени. Според официјалните информации 12 беа убиени, а преостанатите уапсени, сепак според очевидци, но и од неофицијалните информации кои пристигнаа од соседните разузнавачки служби се работело за поголем број на загинати терористи.
За жал, во акцијата животот го загубија и осум припадници на МВР, херои кои застанаа на браникот на татковината во исценираниот терористички напад.

Останаа прашањата, кој стоеше позади нападот и зошто?
Не поминаа ниту 12 часа по завршувањето на акцијата, лидерот на СДСМ Зоран Заев и сегашниот узурпатор на министерското место во МВР Оливер Спасовски поитаа да се фотографираат на местото на настанот, заедно со терористичките јатаци, насмеани, газејќи врз крвта која ја пролеаа токму овие осум херои од МВР.
Овој потег беше остро осуден од Македонската јавност, но за Заев тоа не беше важно, само неколку дена подоцна даде интервју за косовска телевизија најавувајќи двојазичност на целата територија на Македонија, а со тоа и отварајќи го патот на федерализација на државата.
 
Идеја во која беше силно поддржан од медиумските мегафони на СДСМ, а особено од Бранко Геровски кој и тогаш како и сега во колумни пишува дека идејата на Заев е одлична и дека треба да почнеме да зборуваме за федерализација.
Колку за потсетување, оваа идеја прв во Македонија ја презентираше Љубомир Фрчковски и Стево Пендаровски.
 
Како поминуваа деновите, така се зголемуваше и бројот на информации за причините за нападот и нарачателот. Постоеја голем број на обвинувања, а природно соросоидните медиуми спонзорирани од УСАИД, а контролирани од СДСМ вината се обидоа да ја префрлат на актуелната власт.
Планот им падна во вода во моментот кога еден од уапсените терористи во кумановскиот напад, воедно и командант реши од затворот во Прилеп да испрати отворено писмо опишувајќи ја организацијата, стратегијата и нарачателот на нападот.
Вистината позади терористичкиот напад, како што тврди командантот на терористите Мухамед Краниќи познат како командант Малишева ја раскажува во отворено писмо кое го напишал од затворот во Прилеп, каде што чека судење за тероризам.
Според него, тој и неговите соборци од УЧК на Косово и Македонија го почувствувале развојот на настаните во Македонија, благодарение на политичката криза која ја создал Зоран Заев со објавувањето на “бомбите”, а за нив тоа бил поволен момент да го отворат прашањето за дезинтеграцијата на Охридскиот Рамковен договор и наводната дискриминација на Албанците во Македонија.
 
Тој понатаму продолжува да објаснува дека тие биле предадени од „своите“ иако нападот бил на барање на албанци од Македонија, жалејќи се дека полицијата немала наредба да ги апси туку да ги убива. Сепак, во неговото писмо може да се забележат и моменти за тоа кој стои позади терористите
Во еден дел од писмото пишува:
    “Бидејќи борбата не престануваше, Мирсад Ндрецај и Сами Ушкини побараа помош од ОБСЕ, по што беше запрена полициската акција. И тогаш се предадовме, се додека еден од нас не изврши самоубиство поради притисокот кој го чуствуваше.” – вели Малишева.
За потоа да додаде дека биле информирани и сите дипломати од амбасадата на САД и Бондстил.
    “Она што можам да го потврдам и мислам дека е најважно е дека за активностите на нашата група беа информирани и службите на САД, бидејќи Американците ни биле и ќе ни бидат најдобри пријатели секогаш. Американците само го замолиле Мирсад Ндрецај во нашата група да нема елементи и борци на ИСИС за да не се инволвираат религиски елементи” – тврди Малишева.
Дека некој од дипломатските преставници се трудел да им помогне, или да ги упати во сценариото за терористичкиот напад може да потврдат и реакциите на амбасадорите на САД, Германија, Италија, Велика Британија итн, замолија да не се употребува зборот терористи за овие луѓе.
 
Како што западните амбасадори ги поддржуваа терористите, така продолжуваше и поддршката која Заев им ја даваше на радикалните албански структури во земјава, но и обратно. На протестот кој го организираше СДСМ минатата година пред Владата на Р.Македонија, глвна поддршка му даде 113-та бригада на УЧК која деновиве повторно се активира како стожерна терористичка групација во намерата за предизвикување на тензии на границата помеѓу Косово и Црна Гора поради спорот со демаркацијата.
 
Но, поддршката не остана само на појавување на терористи на митизни. Имено, главниот активист на СДСМ Закир Беќири – Чауш од Арачиново беше разоткриен како главен криминалец и произведувач на лажни афери кои СДСМ подоцна ги користеше да ги напаѓа властите на ВМРО-ДПМНЕ. Освен пронајдените фалсификувани лични документи и исправи, во претресот на домот на Чаушот беа пронајдени и 80 паницири, оружје и распрскувачки материјали, за кои Латас во колумна која ја напиша тогаш најави дека Чаушот всушност имал намера да организира радикални елементи кои би направиле инциденти на денот на изборите.
 
Откако Чаушот падна во затвор, оваа улога ја презема Мухамед Зекири, екс-новинар и познат радикален исламист и следбеник на вахабистичката идеологија кој од неодамна стана и член на извршниот одбор на СДСМ.
Деновиве, покрај обновените најави на Заев дека Маедониија ќе ја направи двојазична, Мухамед Зекири бил фатен на средба со криминалци, терористи и убијци во близина на генерал Јанковиќ на Косовска страна.
 Во Генерал Јанковиќ Зекири имал средба со косовските државјани Халил Љури, Самиај Ремзи- Мија, Виља Бурим, Шити Нусрет и Шити Емин, сите со дебели криминални досиеја, припадници на криминални екстремни и терористички групации, предизвикувачи на изборни инциденти во повеќе изборни циклуси во Македонија.
 
Халит Љури е извршител на повеќе кривични дела како разбојништво, насилство и други дела , Самиј Ремзи – Мија неодамна излегол од затвор во Косово, каде лежел заради разбојништво и убиство, додека Шити Нусрет и Емин се роднини на Шити Рамадан, убиен како припадник на терористичка група во село Бродец во полициската операција „Планинска бура“.
Контактите на високи функционери на СДСМ со терористи и пропагатори на радикалниот ислам од Косово, како и отворената поддршка која Зоран Заев преку Оливер Спасовски им ја дава на криминалците и терористите во Македонија, легитимно остава постор за сомневање дека всушност позади крвавиот терористички напад кој се случи минатата година всушност бил дел од планот на „чадорот“ за дестабилизација на Македонија во која главна алка е Зоран Заев, кој морал да биде информиран за ваквиот напад, а сепак навремено не ги известил институциите.
Ова повлекува и законски обврски за Заев против кого државата е должна да отвори истрага, која ќе истражува дали Заев знаел за терористичкиот напад како што тврди командантот на терористичката група Малишева во своето отворено писмо.
Средбата на Зекири со Косовските терористи беше и повод дописникот на МИА од Брисел Бобан Нонковиќ да ги постави и вистинските прашања, а со самото тоа и да понуди одговори за тоа кој стои позади терористичките напади минатата година во Диво Насеље.
 
Како што ќе каже и Нонковиќ, очекувањата за одржување на изборите на 11-ти декември во Македонската јавност се повеќе се намалуваат, имајќи го во предвид сценариото кое според постапките на СДСМ и чадорот кои укажуваат на тоа дека на 11 декември се спрема преку насилство да биде узурпиран и прекинат изборниот процес.
За ова, своја кратка анализа имаше и Мирка Велиновска која предупреди на истото.
Според Велиновска, овде не е таргет да се наелектрезира македонското гласачко тело, овде е таргет и Албанците кои гласаат за етнички албански партии во Македонија на кои цели како гласачко тело и СДСМ, значи да се судрат на терен кај гласачките кутии.
-Се работи за тактика и подгревање на предизборната камапања, претпоставувам дека намерата е да се разгорат работите со цел немири и инциденти. Не е таркет да се електризира македонското гласачко тело, туку и албанското, вели Велиновска.
Со слични размислувања е и екс-помошникот министер за внатрешни работи Наталија Ивчева, која беше на чело на секторот за меѓународна соработка во МВР во периодот на воениот конфликт во 2001 година која за iNFOMAX.mk вели дека се согласува со анализиите на Велиновска и Нонковиќ.
-Сметам дека македонската јавност но и надлежните институции не треба да имаат никаква двојба по однос на сомневањата дека СДСМ со поддршка на „чадорот“ се спремни на секакво сценарио, вклучително и спроведување на насилство на изборните места со цел прекинување на изборниот процес, кој неминовно ќе покаже дека шансите на опозицијата за освојување на власта се никакви, со што во вода ќе падне целосното сценарио кое се спроведува во Македонија во последните 15-тина години. Планот за дестабилизација на Македонија и конечна федералзиација е во оператива од почетокот на новиот век, кулминираше во воен конфликт и предизвика насилно седнување на СДСМ на власт, кои пак итно спроведоа територијална поделба, претходно поткрепена со Рамковнио договор кој го потпишаа тогашните политички лидери. Од 2006 па наваму, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ претставуваат трн во окото на сценаристите, бидејќи не дозволуваат ниту поимање на федеализација на државата. Токму поради ова сметам дека „чадорот“ е спремен на секакво сценарио, а и јас како и моите колеги мислам дека на 11-ти декември ќе дојде до ескалација на тензиите со цел прекинување на изборниот процес. Тензии кои се подгреваат уште сега, вели Ивчева.
 
Пишува Александар М.
ИнфомаксНа 9-ти мај 2015 година, уште изутрината Кумановци беа разбудени од рафална стрелба и силни детонации. Првичните информации беа дека се работи за п

Пронајдете не на следниве мрежи: