Реџеп Тајип Ердоган триумфално го започнал апсењето на судии, непослушен воен кадар и останатите домашни предавници, за кои смета дека учествувале во обидот за пуч против него. Прашањето од милион долари е: Кој стои зад обидот за државен удар? Теоретичарите на заговори, но и Ердоган, веќе имаат свои фаворити, пишува српски „Блиц“.Војската
Турската војска низ историјата неколку пати рушела режими во Турција, и тоа секогаш успешно. Теоријата дека и овој пат војската самостојно се кренала против лошиот режим не е толку веројатна, и тоа од неколку причини.
Првата е тоа што во сите претходни пучеви војската излегувала на улица дури тогаш кога народот го барал тоа од неа, што овој пат не се случило. Втората е тоа што во претходните пучеви во јавност излегувале највисоките претставници на војската и го објавувале рушењето на режимот. Во овој случај учествувале пониски офицери, додека јадрото во воениот врв останало со Ердоган. И третата е таа што турската војска, кога сака да го урне режимот, успева во тоа, без грешка.
Фетулах Гулен
Државниот непријател број еден, како што вели турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, веќе со години живее во доброволен егзил во САД. Некогашниот близок соработник на Ердоган, лидер на движењето Хизмет, негира вмешаност во инцидентот.
Вредноста на капиталот кој движењето Хизмет го поседува се проценува на околу 20 милијарди долари. Имајќи го во предвид капиталот со кој располага, плус фактот дека престојот на Гулен во САД го обезбедила ЦИА, и покрај противењето на ФБИ и министерството за правда, на теоретичарите на заговор не им било потребно многу да го стават на челното место на сомнителни лица.
САД
Министерот за работа, Сулејман Сојлу, отворено ги обвинил САД за организирање на пучот, заедно со Гулен. Самиот факт дека Ердоган не ги негирал неговите обвиненија, зборува за тоа дека и тој се сомнева дека Вашингтон ги вмешал прстите во обидот за уривање на режимот. Рацијата во НАТО базата Инџирлик, во која се наоѓаат голем број на американски војници, авијација и нуклеарно оружје, дополнително го потврдува ова сомнение.
Дополнителна причина за наводното учество на САД е ѝ наглиот пресврт во надворешната политика на Ердоган, пружањето рака кон Путин, смирувањето на тензиите во соседството, па дури и најавата за соработка со Башар ал Асад. Изненадниот мир и силниот сојуз Русија-Турција не бил дочекан со воодушевување во Вашингтон.
Сепак, постои една работа која не се поклопува во целата теорија. Едноставно, САД се ефикасни кога станува збор за овие работи. Погледнете ги последните 50 години.
Пучот е лажен
Четвртата опција, онаа која теоретичарите на заговор најмногу ја сакаат, е дека пучот е лажен, односно дека Ердоган го иницирал за да ја зацврсти својата моќ, да го промени Уставот, да ја преземе земјата од парламентарниот и претседателски систем и да воведе верски закони. Во прилог на оваа теорија оди и масовното апсење на судии, воени офицери и други припадници на државниот апарат поради наводна вмешаност во обидот за рушење на турскиот претседател. Многумина сметаат дека Ердоган ја чисти државата од неистомисленици.
Тоа за што има доказ е дека Ердоган дефинитивно ја зацврстил својата моќ, што покажува и неговиот коментар по враќањето во Истанбул по неколкучасовното криење ноќта помеѓу петокот и саботата:
“Фала му на Бог за пучот”.Војската