Советникот на Заев и Шеќеринска- продолжува со неговите навреди.Мактел важи за портал на кој може да се прочитаат многу текстови со вулгарна и крајно новинарски непрофесионална содржина. Советникот на раководството на СДСМ покрај тоа што не престанува со личните навреди кон актери, новинари и други јавни лица, тој божиќно почна да плука и по МАНУ и по МПЦ.
– Дури и самите писатели се избрукаа со она срамно поклонување пред Грујо на Венко и Ферид во МНТ. МПЦ, МАНУ и останатата уметничка елита која е толку среќна во скутот на Грујо навистина го иницира прашањето за тоа каде е по ѓаволите скриена човековата доблест храброст достоинство чест добрина и дали воопшто таа постои или сите ние сме проклети гадови?, напиша Ивановски во својата најнова колумна.
Во неколку прилики досега, Саше Политико јавно кажуваше дека Мактел е опозициски портал и дека ги брани ставовите и политиките на СДСМ, исто така кажа дека Мактел е директно финансиран од фондацијата СОРОС. По ова станува јасно кој финансиски и идеолошки стои зад Саше Политико и го поддржува во неговите ставови.
Со своите политики, СДСМ и Зоран Заев на неколку наврати покажаа дека и тоа како ги вреднуваат советите од Саше Политико, а самиот факт што тој доби голем аплауз од страна на опозициските пратеници за време на Надзорната расправа во Собранието, доволно говори за неговото влијание во најголемата опозициска партија.
И додека од финасиски аспект е јасно дека Ивановски е директно поддржан од фондацијата СОРОС и самото раководство на СДСМ предводено од Зoран Заев, се чини дека идеолошки зад уредникот на Мактел стои Радмила Шекеринска, имајќи ги во предвид неговите текстови во кои се гледа дека тој е огромен фан на Шекеринска.
Во нив тој безрезервно и се восхитува на Шекеринска, а за тоа каков идол за него е потпретседателката на СДСМ, доволно говори еден од насловите во кој тој пишува:
„Легендарниот говор на Радмила Шекеринска на собраниската говорница на ден пред 24-ти декември. Ова е класика радмила тука докажува во каков политичар прераснала со текот на времето. БРАВО!“
По сето ова, познавачите сметаат дека пораките на Саше Политико всушност се пораки на самото раководство на СДСМ до неистомисленците во општеството. Какви пораки праќаат Заев и Шекеринска и зошто ваков гнев кон сите од нивна страна на никого не му е јасно, но сепак е јасно дека го користат Саше Политико за да се пресметаат со неистомислениците и да ја продолжат својата филозофија на “паланократија“.
КурирМактел важи за портал на кој може да се прочитаат многу текстови со вулгарна и крајно новинарски непрофесионална содржина. Советникот на раководств