„Кој ти го гледа профилот на Фејсбук“: Ако сте кликнале на овој линк, итно треба да го направите ова!

На социјалните мрежи измамите се честа појава, а последна во низата е поврзана со апликација која „открива кој го гледа Вашиот профил на Фејсбук“.Од Фејсбук наведуваат дека не постојат такви опции и дека не би допуштиле таков вид нарушување на приватноста.
„Фејсбук не нуди начин корисниците да имаат увид во тоа кој им го гледа профилот, ниту на било кај начин им дозволуваме на поединци и апликации да имаат пристап до такви информации“ – истакна гласноговорникот на Фејсбук порано кога се случувале вакви измами.
Последната измама што кружи по Фејсбук, а која можеби досега сте имале можност да ја видите на профилите кај Вашите пријатели, е наводен линк кој овозможува да откриете кој ви го гледа профилот.
Сите што кликнале се наоѓаат во опасност.
Фејсбук ги советува корисниците никогаш да не ја внесуваат својата шифра ако не се сигурни дали треба да ја дадат или не, како и да не одат на екстерни линкови кои од Фејсбук водат до сомнителни страници.
Ако сепак сте кликнале на ваков линк, потребно е веднаш да ја смените шифрата и потоа да следите дали се случуваат некои сомнителни активности на Вашиот профил.Од Фејсбук наведуваат дека не постојат такви опции и дека не би допуштиле таков вид нарушување на приватноста.
„Фејсбук не нуди начин

Пронајдете не на следниве мрежи: