Кој вид на оргазам доживувате вие?

Секој оргазам е приказна за себе. Тој се разликува од човек до човек што воедно го прави многу лично искуство. И додека за некои оргазмот претставува само физички чин, за други тоа е вистинско отелотворување и спој на неверојатна енергија, емоции и духовна исполнетост.

Постојат четири видови на оргазам. Што вам ви значи овој совршен дел од сексот, дознајте сами.
Примитивен оргазам
Означува најобично празнење. Личноста е во контакт со инстинктите и со природните сили, а опсегот на свеста е стеснет. Никакви емоции не се вметнати во чинот на свршување, освен животински потреби за исфрлање на натрупаната негативна енергија и стресот.

Незрел оргазам
Овој оргазам е производ на себичноста која владее во креветот. Занемарувањето на партнерот и насоченост кон себеси, како и поставеноста спрема партнерот како објект кој е тука за да ни ги задоволи нашите потреби резултира со оргазам. Најчесто овие личности не се насочени кој чувствата на партнерот. Занемарувањето на најбитниот дел на сексот, саканата личност, го прави сексуалниот исход крајно ограничен.

Зрел оргазам
Освен празнење, овој оргазам дава чувство на отвореност, на љубов, прифаќање и спојување.  Во целото тело се воспоставува енергетски тек, а во текот на сексот се разменува љубов и нежност со партнерот. Најчесто трае неколку секунди. Можеме да го дефинираме како способност на препуштање на текот на животната енергија без никакви кочници, потполно задоволен сексуалниот нагон, чувство на поголема љубов кон партнерот, како и потполно исполнување.

Екстатичен оргазам
Во овој случај, партнерите се однесуваат еден спрема друг со голема љубов, обожавање и обострано потполно прифаќање. Овој оргазам трае повеќе минути или саати. Доживувањето екстаза во сексуалниот чин води кон духовно отворање и спознавање на една реалност многу поразлична од вообичаената. На личноста и се отвора ново ниво на постоење, во која почнува со поголемо внимание, љубов и разбирање да се однесува спрема себе и другите. На екстатичното ниво на оргазам, личноста не само што ужива со партнерот и изразува радост за неговата присутност, туку го обожува, а со тоа и таа е обожувана.Секој оргазам е приказна за себе. Тој се разликува од човек до човек што воедно го прави многу лично искуство. И додек

Пронајдете не на следниве мрежи: