КОЈ ЗАБ НАЈМНОГУ ЈА БОЛИ ШЕФИЦАТА ЈАНЕВА?

Ако внимателно ја следевте денешната прес-конференција на СЈО сигурно забележавте дека истата не се разликуваше многу од претходните холивудски перформанси на „нашите“ три грации-ловџики на „криминалот“ и на „корупцијата“ во земјата. Истиот вординг, истата насока и шема, истата цел. Единствената главна разлика на денешната прес-конференција беше во тоа што шефицата јавно, и со доза на голема паника си го покажа забот што најмногу ја боли.Прво, фактот дека биг-мама имаше потреба на самиот почеток од пресот лично и самоуверено да констатира дека СЈО и таа како шефица лично и персонално ја оправдале довербата која им била дадена од граѓаните, а која за неа била од огромно значење, и дека замислете, тие како јавни обвинители „како досега, така и во иднина ќе продолжеле најпрофесионално да ја вршат својата функција, и дека „СЈО во рамките на своето постоење се етаблирало како професионален државен орган кој успеал да изгради интегритет на независна и непристрасна институција, а дека потврда за тоа била континуираната доверба која граѓаните ја имале во ова јавно обвинителство како институција на која најмногу и веруваат“, всушност, покажува којае најголемата болка на Катица Јанева, која е најголемата колективна болка на СЈО, и на сите инволвирани високо платени хонорарци во овој обвинителски циркус кој повеќе од година и пол секојдневно не малтретира и не тормози преку малите екрани.
Второ, ниту Катица Јанева ја оправдала довербата дадена од граѓаните, ниту СЈО некогаш бил, ниту кога било ќе биде професионален државен орган, ниту работата на оваа циркузантска групировка може да се третира како независна, а уште помалку како партиски непристрасна институција, ниту пак, по најмалку СЈО и Јанева уживаат континуирана доверба од граѓаните. Ова се бесмислени лаги и ширење на лажна самоувереност за пропагандна цел да се прикрие целиот срам и резил со кој е обвиткан овој парадржавен орган, да се скрие сиот непрофесионализам и правно незнаење кое повеќе од година дена истекува од скапо платените врати на СЈО, и да се исперат колку што е можно повеќе валканите алишта од своето работење согласно партиската агенда на Заев енд компани. Ниту можат да се исперат, ниту можат да го релативизизраат општиот граѓански впечаток дека СЈО има една единствена цел во системот-а таа е да оцрни се и секого што нешто значи во ВМРО-ДПМНЕ.
СЈО е многу, ама многу далеку од независна и непристрасна институција каква што се труди со свои зборови да ни се прикаже. СЈО е многу далеку од реализирањето на препораките на Венецијанската комисија, бидејќи оваа Комисија никогаш и никаде во Европа и во светот не поддржала класичен партиски огранок во правосудните системи кој има единствена цел-да прави партиски лов на вештерки. Срамот и резилот на „професионалците“ во СЈО не може да се покрие со ниту едно повикување на препораките од Венецијанската комисија,ниту со обичното повикување надруги документи донесени од Советот на Европа, од ЕУ, одООН. Тие самите си се виновни што се ставија во скутот на Заев, и што слепо и војнички ги испорачуваат неговите наредби за покренување обвиненија, жигосување и анатемисување на илјадници лица-членови на ВМРО-ДПМНЕ, класично правно масакрирање на начелото на презумпција на невиност, тајноста на постапката, заштитата на човековиот интегритет и достоинство.
Трето, главниот фокус на денешната прес-конференција на Јанева и на Фатиме беше, уште еднаш, да и ја покажат на јавноста главната опсесија на која ќе бидат фокусирани во наредниот период, а тоа е по наредба на Заев да „продолжат интензивно да работат на поднесување обвиненија и отворање на нови истраги како резултат на отворените предистражни постапки“. Или со други зборови, до периодот кога ќе бидат закажани и одржани локалните избори, живо вмровско пиле да нема да летне, никој да не може да му се спротивстави на црпнатиот. Сите вмровци да се под кривична истрага на СЈО. Која е намерата? Па зар треба посебно да се елаборира намерата. Се знае. Во наредниот период кој го нарекувам масакр-период треба сите што нешто значат во ВМРО-ДПМНЕ да добијат жигови на чело дека се криминалци и апаши и како такви дека немаат право да   вршат јавни работи. Тоа што аболициран криминалец и апаш пар екселанс ќе ни стане премиер за некој ден тоа нема врска со животот. Главниот фокус треба да биде на сите што зборуваат и шторазмислуваат како ВМРО-ДПМНЕ. Колку повеќе покренати обвиненија против оваа партија, не е важно какви обвиненија, дали покренати на глава или на нозе,толку повеќе шанса и отворена врата за СДС да победи на локалните избори. Тоа е планот и главната цел.
Токму затоа во наредниот период ќе се изнагледаме секакви предмети за кои СЈО ќе се поставува во улогаи на јавен обвинител, значи истражител, иво улога на основен, апелационен, па дури и Врховен суд во исто време. Катица Јанева со нејзиниот тим ќе бидат партиските егзекутори и оцрнувачи на секој што ќе може да се појави како потенцијален играч на ВМРО-ДПМНЕ за победа на локалните избори. Таргетот ќе биде на досегашните, но и на можните идни нови кандидати за градоначалници што би произлегле од оваа партија, а кои како личности би можеле да однесат победа на оваа партија во општините.
СДС преку СЈО ќе биде бескрупулозен. Јавна тајна е дека СЈО му е само една од алатките која СДС ќе ја користи за оцрнување на потенцијалните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ. Другата алатка е секако целосното преземање на централната власт, и бркање од работа на симпатизерите, поддржувачите, и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Среќна нова 48-ма година секој ден ќе ни биде на репертоарот. Уште сега, уште не устоличени упатуваат закани и уцени за бркање од работа, за партиски реваншизми, за чистки, за метли, за летање на глави, и на други органи, и што ли се не поради различно мислење и различен став од партискиот став на СДС. Велам став на СДС, бидејќи во оваа партија постои колективно едноумие како реликт од времето на СКЈ-СКМ.
Оваа колективна партиска злоба и омраза што ја манифестираат кон секого кој не мисли како нив, што не работи како нив, прераснува во масовна зараза, масовна шуга што се шири побрзо од која било друга. Токму затоа и се бара продолжување на мандатот на СЈО, за работите уште повеќе да ескалираат и да прераснат во отворена лична и колективна битка да се победи ова селективно зло и да се дојде до вистинската правда и право.
Селективниот пристап, и насоченоста на СЈО само и исклучиво кон партиското раководство и членство на ВМРО-ДПМНЕ упатува на точниот факт зошто е воопшто формиран овој парадржавен орган. Тој нема намера, ниту има дозвола да го гони криминалот кој е распослан во структурите на ДУИ, Алијансата на Албанците, СДС.
За СЈО криминалот има само една партиска боја, и тоа е се што ги интересира. Селективната правда за нив е врвно начело и стандард во работата. Токму затоа и бараат продолжување на мандатот. За да го истурат целиот гнев на СДС кон партијата што му боде очи и што не ја остава на раат да спие. Реваншизмот и политичката хајка и етикетирање на Никола Груевски и неговиот тим дека се криминалци број еден во Европа се главните вредности околу кои се заснова целата нивна работа и „истрага“.
Им недостасува уште Законот за заштитени сведоци по урнекот на Јанева за таа да може дискреционо да одлучува кој ќе и биде сведок, и каде откако ќе им нареди на сведоците како да сведочат ќе ги испрати да живеат. Заштитените сведоци и се неопходни на Јанева за таа да царува во истрагата, за таа да наредува со употреба на уцена и закана по живот каков исказ и е потребен против Груевски или против Јанакиевски, или против друг вмровец. Таквиот закон ќе ја заокружи мисијата на Јанева и нејзиниот тим. А главната мисија не е да во текот на постапките го почитуваат правото, законите и Уставот на РМ, туку да ја испорачаат најголемата задача во нивниот живот-да се уништи ВМРО-ДПМНЕ.
Да не остане ниту една трага од оваа партија во поблиското и подалечното минато во земјата. Да се сотре македонскиот код, да се убие македонскиот ген. Ете тоа е последната цел на СЈО. Секако, тоа е нивниот план. При тоа, овие луѓе болни од омраза и злоба ниту ја прочитале, ниту знаат да ја разберат Библијата и пораката на апостол Павле содржана во Библијата, а испратена до целиот свет.
Пораката гласи: ниту Македонецот ќе успеете да го сотрете, ниту Македонија ќе успеете да ја уништите. А најмалку ќе успеете да го уништите кодот на ВМРО кој е врежан во колективната и лична меморија на секој вистински Македонец.Прво, фактот дека биг-мама имаше потреба на самиот почеток од пресот лично и самоуверено да констатира дека СЈО и таа како шефица лично и персоналн

Пронајдете не на следниве мрежи: