Кој заштитен фактор е најдобар за деца, а кој за возрасни?

Кога бирате препарат за заштита од сонце, внимавајте на квалитетот и составот. Средството мора да биде водоотпорно и да штити од UVA и UVB зраци.Доколку жешките, летни денови ги поминувате на море, езеро, базен или во природа не треба да заборавите на заштитата на кожата. Изложувањето на UV зрачење е главниот виновник за прерано стареење на кожата, но и за ракот на кожата па ефикасен начин за заштита треба да биде најважен дел од опремата за плажа во вашата торба.
Експертите, меѓутоа препорачуваат кремите со заштитен фактор да се користат и пред секојдневното излегување од дома, за лицето и оние делови од телото кои не се покриени со облека.
Препораката кога купувате производи за заштита од сонце е да бирате препарати од реномирани производители чии производи се нашле на пазарот по долгогодишни испитувања. Дерматолозите советуваат купување на квалитетни средства кои  се ефикасни против UVA и UVB зраците, фото-стабилни и отпорни на вода и пот.
Важно е исто така да не предизивикуваат фото-алергиски и фото-токсични реакции.
-Корисете препарати кои имаат ознаки 1.SPG и UVA PF. Тоа значи дека препаратот истовремено штити од  UVB и UVA зраците, велат дерматолозите.
Се препорачува да се нанесуват околу 2 милиграми на 2 сантиметри кожа, што е отприлика околу 30 милилитри за целото тело. Со нанесување на помала количина, и заштитата ќе биде помала.
Сега може да избирате меѓу лосиони, креми, масла, гелови, стикови, спрејови и пени како средства за заштита од сонцето, најдобро е да го изберете тоа што најмногу одговара на вашата кожа. Важно е заштитниот фактор да не биде помал од 30, додека за децата и луѓето со посветол тен се препорачува заштитен фактор 50.
Особено важно е да се намачкате половина час пред да излезете надвор на отворено. Нов слој од заштитата треба да нанесувате на секои два-три часа, а особено по излегувањето од вода поради интензивното потење.
Тука како дополнителна заштита не ги заборавајте чадорите и капите и доколку можете избегнувајте да бидете на отворено сонце од 10 до 16 часот.Доколку жешките, летни денови ги поминувате на море, езеро, базен или во природа не треба да заборавите на заштитата на кожата. Изложувањето на UV

Пронајдете не на следниве мрежи: