Кој знак сте според кинескиот хороскоп и што ве очекува во 2014 година!

Кој знак сте според кинескиот хороскоп и што ве очекува во 2014 година!Погледнете кој знак сте и откријте што ве очекува во 2014!
Коњ
За родени во 2002, 1990, 1978, 1966, 1954, 1942, 1930 и 1918 година.
Годината на Коњот значи дека за вас постои можност да бидете лидер годинава и дека авторитетот или одговорностите ќе ви се зголемат. Сепак, импулсивното однесување на Коњот, може да доведе до непресметливост, па не е лошо да стоите понастрана од коцкање или шпекулации. Оние кои имаат авторитетна позиција, нема да имаат проблеми. Само не заборавајте дека треба да се држите понастрана од ризици и берзи. Не очекувајте да направите многу пари и ценете го приходот што го имате.Нема да постои многу возбуда во вашиот љубовен живот, а ако сте свршени, одложете ја свадбата до следната година. Оваа година внимавајте на здравјето. Лесно ќе се изморувате и ќе бидете склони кон болести. Вежбајте повеќе и одморот нека ви биде приоритет.
 
Овца или коза
За родени во 2003, 1991, 1979, 1967, 1955, 1943, 1931 и 1919 година.
Оваа година значи поврзување на многу полиња. Искористете ги вашите добри врски со другите луѓе; ова особено важи за мажите. Оние кои работат со автомобили, анализи, односи со јавноста, забава, хирургија, месарници и полиција, нека очекуваат успешна година. Очекувајте стабилност и мало зголемување на финансиите годинава. Сепак, намалете ги трошоците.Годинава ќе бидете посакувана личност, па внимавајте да не се вплеткате во љубовни триаголници. Ако сте во брак, не пропуштајте да покажете љубов спрема сопругот/сопругата. Годинава ќе бидете поздрави од минатата година, но внимавајте на малите несреќи. Возете внимателно и не брзајте кога работите.
Мајмун
За родени во 2004,1992, 1980, 1968, 1956, 1944, 1932 и 1920 година.
За родените во годината на Мајмунот, годинава е важно е да бидат присутни насекаде за да имаат успех. Нивниот успех ќе биде поврзан со патувања или селидби. Во кои индустриски гранки знакот на Мајмунот ќе има успех: продажба, маркетинг, право, образование, патување и финансии или сѐ што е поврзано со движење. Парите нема да бидат проблем за Мајмунот. Постои потенцијал за унапредување и инвестиции кои ќе донесат уште поголема финансиска стабилност.Ако сте сингл, годинава нема да биде поволна за љубовниот живот. Оние во брак ќе се чувствуваат безбедно во заедницата со партнерот. Општата здравствена состојба е добра, но внимавајте на несреќи, особено на автомобилски.
 
Петел
За родени во 2005, 1993, 1981, 1969, 1957, 1945, 1933 и 1921 година.
2014 ќе биде одлична година за Петлите на полето на бизнисот и работата, но врските со луѓето нема да бидат поволни. Дозволете им на пријателите да ви помогнат.Вие подобро функционирате кога сте надвор од канцеларијата, па професиите како полицаец, правник и политичар ќе бидат особено успешни годинава.Внимавајте со парите. Не коцкајте се. Има многу љубов која доаѓа накај вас, но внимавајте на расправиите во веќе постоечките врски. Наместо тоа, направете го чекорот кон компромисот и разбирањето. Во спротивно, на врските им се заканува крај.Обрнете внимание на белите дробови и срцето.
 

 
Куче 
За родени во 2006, 1994, 1982, 1970, 1958, 1946, 1934 и 1992 година.
Оваа година за вас ќе биде среќна на сите полиња.Вие сте креативни, па затоа треба да работите на тие полиња: уметност, музика, архитектура, пишување или театар. Користете ги инстинктите наместо логиката кога инвестирате во нешто. На тој начин ќе ги стабилизирате финансиите. Ако сте во долга врска, оваа година е време за свршувачка. Ако сте во брак, искажувајте му повеќе љубов на брачниот партнер. Бидете скромни во комуникацијата со другите. Уживајте во доброто здравје, но внимавајте на исхраната и не прејадувајте се.
Свиња
За родени во 2007, 1995, 1983, 1971, 1959, 1947, 1935 и 1923 година.
Подгответе се за одлична година. Ќе склопувате пријателства, ќе постигнете огромни успеси во работата и ќе бидете опкружени со помош. Сепак, на почетокот ќе треба да се потрудите повеќе, за подоцна да ви биде полесно. За вас, најдобри области се метафизика, религија, односи со јавноста, човечки ресурси, медиуми и политика. Парите за вас ќе бидат стабилни во 2014, но не коцкајте се и не инвестирајте во поголеми нешта. Ништо возбудливо, но и ништо лошо не ве очекува на полето на љубовта во 2014. Врските ќе бидат стабилни. Ќе се чувствувате подобро од минатата година, а и ако се разболите – брзо ќе оздравите.
 
Стаорец
За родени во 2008, 1996, 1984, 1972, 1960, 1948, 1936 и 1924 година.
Годинава за вас може да значи загуба на материјални средства. Сепак, генерално ќе имате среќа па така, нема да влегувате во проблеми. Бизнисот ќе ви оди одлично, особено на полето на уметноста. Стојте настрана од коцкање. За вас во 2014 важи старата изрека: „Ако не сте алчни, нема да изгубите пари“. Бидете трпеливи годинава, бидејќи во спротивно, во секоја ваша врска ќе има многу расправии. Некои делови од телото како што се белите дробови, бубрезите и 'рбетот ќе бидат поподложни на заболувања. Бидете физички активни и многу одморајте се.

 
Вол
 
За родени во 2009, 1997, 1985, 1973, 1961, 1949, 1937 и 1925 година.
 
Волот во 2014 е во конфликт со коњот, што може да доведе до расправии со другите луѓе. Волот е знак на авторитет, но и на унапредувањата. Ќе успеете во политиката, армијата, полицијата, но внимавајте на ривали и непријатели. Годинава не очекувајте многу пари; вашиот приход одговара на вашето ниво на авторитет. Оваа година нема да има многу романси за вас. Бидете трпеливи со луѓето во вашиот живот. Здравјето е во ред. Внимавајте на мали несреќи.
 
Тигар
 
За родени во 2010, 1998, 1986, 1974, 1962, 1950, 1938 и 1926 година.
Оваа година ќе биде добра за вас. Ќе ви донесе среќа, радост, романса, духовност и нови можности за напредок. Ќе успеете во професии како хирургија, армија, учителство и философија. Ако сте сопственик на своја фирма, очекувајте проширување на бизнисот. Годината ќе биде стабилна за вашите финансии. Ве очекува романса. Ако имате можности, размислете за брак. Ако сте во брак, внимавајте на љубовни афери. Внимавајте на остри предмети и крварења.
 
Зајак
 
За родени во 2011, 1999, 1987, 1975, 1963, 1951, 1939 и 1927 година.
Годинава ќе биде одлична за романса и контроверзи, со многу среќа насекаде. Внимавајте на врските кои не се љубовни. Работа која е поврзана со забава, зборување и продажба ќе ви оди најдобро. Менталната работа за вас е подобра од физичката. За оваа година важи правилото: „Колку повеќе работите, тоа повеќе заработувате“. Романсата може да чека, но внимавајте на љубовни триаголници. Внимавајте на остри предмети.
 

 
Змеј
За родени во 2012, 2000, 1988, 1976, 1964, 1952, 1940 и 1928 година.
Годинава ќе биде добра за Змејот бидејќи со Коњот, имаат одлична заедничка енергија. Ќе имаат изобилие од здравје и богатство. Хирургија, армија, духовност и философија се професии во кои би постигнале големи успеси. Ќе ви оди добро на полето на патувањата и трговијата. Инвестирајте според сопствената интуиција. Нема да има многу романса за Змејовите во 2014. Генерално, ќе бидете многу среќни, но внимавајте на мали несреќи.
 
Змија
За родени во 2013, 2001, 1989, 1977, 1965, 1953, 1941 и 1929 година.
Минатата година беше конфликтна за Змиите, но оваа ќе биде година на парите. Освен успехот на полето на парите, бизниси што се добри за вас се: финансии и берза на хартии од вредност, но и полето на забавната индустрија. И регуларните и останатите приходи ќе бидат постојани. Ако не сте во брак, размислете за таа опција. Ако сте во брак, изразувајте му љубов на сопругот. Внимавајте на имунитетот бидејќи ќе бидете подложни на настинки и грипови. Одморајте.
Извор: ladybook.mk
 
 Погледнете кој знак сте и откријте што ве очекува во 2014!
Коњ
За родени во 2002, 1990, 1978, 1966, 1954, 1942, 19

Пронајдете не на следниве мрежи: