КОЈА БОЈА Е АПЧЕТО: Сина или жолта?

Ако зборувате за она што можете да го почувствувате, помирисате, вкусите и видите, тогаш тоа е „стварноста“ на електричните сигнали кои се толкуваат во вашиот мозок.На годишната конференција на компанијата „Фејсбук“, која се одржа во Сан Франциско, Мајкл Абраш, кој е главен научник од компанијата за виртуелна реалност „Окулус“, изјави дека човекот е „машина за изведување на заклучоци“ и дека светот што го гледаме е само илузија.
Тој рекол дека благодарение на филмот „Матрикс“, кој е визија за иднината, сфатил како виртуелната реалност еден ден би можела да изгледа.
„За разлика од Морфеј од Матрикс, јас не ви нудам избор. Без оглед на тоа каква одлука ќе донесете, сите заедно ќе завршиме во зајачка дупка“, изјавил Абраш.
Тој алудирал на сцената од филмот во која Нео бил ставен пред избор: ако го земе синото апче приказната ќе заврши и ќе се разбуди во својот кревет и ќе „верува во она во што сака да верува“. Ако го земе црвеното апче, тој ќе остане во Земјата на Чудата и ќе види „колку е длабока зајачката дупка“.
На конференцијата Ф8, тој истакнал:
„Нашите визуелни информации се зачудувачки скромни и дури и кога би можеле прецизно да го регистрираме и обработиме секој фотон што ќе стигне до нашето око, ние и понатаму не би имале доволно информации правилно да го реконструираме светот“.
„Нашиот визуелен систем само нагаѓа и за тоа му праќа порака на свесниот ум“, продолжил тој. Мозокот ги надокнадува ограничените информации така што го формира секој модел на реалниот свет, кој константно го обновува со примањето на нови информации“.
За да го илустрира тврдењето дека луѓето се машини за изведување на заклучоци, тој се послужил со три примери. Во првиот пример биле прикажани сиви апчиња на жолта, односно на сина позадина. Иако станува збор за иста нијанса на сива, луѓето ги гледаат како црвени или сини, бидејќи мозокот го гледа тоа врз основа на информациите околу нив. Дури и иако личноста знае дека апчињата се сиви, сепак ги гледа како црвени или сини“.
Погледнете го видеото:На годишната конференција на компанијата „Фејсбук“, која се одржа во Сан Франциско, Мајкл Абраш, кој е главен научник од компанијата за

Пронајдете не на следниве мрежи: