Која е најбараната жена на Google?

Многумина го пишуваат нејзиното име на пребарувачот Google  за да ги дознаат последните трачеви, каде била минатата вечер, дали има некоја разголена фотографија или дали има ново момче.
Дури и да не ви се верува, најбараната жена на Google или најгугланата е Лејди Гага. Можеби очекувавте некоја попровокативна позната актерка, пејачка или манекенка, но според последните истражувања на многу магазини, како и според самиот Google , најбараната жена е токму Лејди Гага. 
Лејди Гага е интересна за секој, без разлика од кој крај на светот се наоѓа. Многумина саскаат да видат што последно носела таа, бидејќи е позната по своите екстремни костими, на своите настапи, манифестации, па дури и кога оди на прошетка.
Покрај тоа, многумина низ светот ја почитуваат нејзината музика, па пребаруваат најнови песни од Лејди Гага, текстови како и најнови албуми.
Интересен факт што го откриле повеќето магазини во Америка е што малкумина знаат информации за почетоците на Лејди Гага и за нејзиниот приватен живот, пред да стане позната светска ѕвезда, а сепак е на врвот на листата на најбарани жени на Google.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Многумина го пишуваат нејзиното име на пребарувачот Google  за да ги дознаат последните трачеви, каде била мината

Пронајдете не на следниве мрежи: