Многумина се изненадија од продажбата на фудбалерот Месут Озил, а како причина посочија дека Реал Мадрид морал некако да најде начин да ги покрие трошоците за трансферот на герет Бејл. Сепак првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги посочи вистинските причини за продажба на Озил.
Тој за шпанските медиуми подочи дека причината за продажбата на овој фудбалер е неговата непрофесионалност и пред се зависноста од жени и секс.
„Не се однесуваше како вистински професионалес. Беше опседнат со жени. Излегуваше навечер со своите љубовници и остануваше без сон со часови и часови. Знаеше да потроши 18.000 евра за два викенди, само за да отпатува со авион во Италија да се види со Аида Јеспика“, изјави Перез.
Првиот оперативец на Реал вели дека Озил е продаден за 50 милиони и дека на продажбата делумно кумувал и неговиот татко.
„Кога неговиот татко Мустафа дојде да разговараме за продолжение на договорот ние предложивме продолжување на соработката до 2018-та година со годишна плата од 6,5 милиони евра, но тој бараше 8,5 милиони. Поради недостаток на професионализам и ставот на неговиот татко, одлучивме да ја прифатиме понудата на Арсенал“, вели Флорентино Перез.Сепак првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги посочи вистинските причини за продажба на Озил.
Тој за шпанските медиуми подоч