Која е разликата меѓу обичните жени и порно актерките?

Студијата која неодамна беше објавена го демантираше стереотипното прикажување на порно актерките како ’потрошен и оштетен материјал’ кој влегува во индустријата за забава на возрасни бидејќи страда од низок степен на самопочит или биле жртви на сексуална злоупотреба во детството. Извештајот објавен во списанието Journal of Sex Research покажа дека порно ѕвездите не биле ништо повеќе изложени на психички проблеми од останатите, ајде да ги наречеме ’нормални’, жени. Уште повеќе, востановено е дека порно актерките имаат многу попозитивен и пооптимистички поглед на животот и повеќе самодоверба.„Порно актерките имаат повеќе самодоверб а и позитивна енергија, а секако, имаат и повеќе сексуални задоволства во однос на останатите жени и групи на луѓе. Исто така, имаат и многу подобро мислење за своето тело. Воопшто не држи тезата дека тие жени доаѓаат од амбиент во кој преовладувала зависноста од дрога, бездомништвото, сиромаштијата и сексуалната злоупотреба“, истакнуваат американските истражувачи кои ја изработија студијата.„Стереотипите служеа за осудување на порно индустријата и оттука овие жени се споменуваа во негативен контекст на тој начин“, објаснуваат експертите.За потребите на истражувањето, тимот спореди 177 порно актерки на возраст од 18 до 50 години со други жени. Меѓу другото, востановено беше дека порно актерките дури имаат и поквалитетен живот и подобар сон, како и повеќе витална енергија. Утврдено е дека тие, поради големиот број на партнери, често се бисексуални и порано стапуват во сексуални односи, во просек почнувајќи од 15 години. Сепак, една од утврдените негативности поврзана за порно актерките е почестата употреба на дрога во однос на другите жени.Извештајот објавен во списанието Journal of Sex Research покажа дека порно ѕвездите не биле ништо повеќе изложени на психички проблеми од останатит

Пронајдете не на следниве мрежи: