Која е разликата помеѓу јајцата со светло-кафена и јајцата со бела боја?

Кај сите прехранбени продукти важи тоа правило дека што потемна е бојата, толку поздрава е храната. Но, дали тоа важи и за јајцата? Зошто некои јајца имаат бела боја, а некои светло-кафена боја?Нутриционистката Александра Касперо вели дека решението на загатката лежи во бојата на пердувите на кокошките. Оние со бели пердуви несат бели јајца, додека пак оние со кафени пердуви несат светло-кафени јајца.
Во САД кафените јајца се поскапи од белите, па тоа ги наведува луѓето да мислат дека се поздрави. Сите јајца, без разлика на бојата на лушпата, содржат 70 калории, 6 грама протеини и големо количество витамин Б.
Цената на кафените јајца е повисока само затоа што кафените кокошки се поголеми од белите, па затоа јадат повеќе. За квалитетот на јајцето не обрнувајте внимание на бојата на лушпата, туку на тоа со што биле кокошките хранети на фармите. Најздравите јајца доаѓаат од фармите каде кокошките се хранат со природна храна која не е третирана со антибиотици и пестициди.Нутриционистката Александра Касперо вели дека решението на загатката лежи во бојата на пердувите на кокошките. Оние со бели пердуви несат бели јајц

Пронајдете не на следниве мрежи: