Која е тајната на Бијонсе за совршена фигура?

И поп дивата Бијонсе, како сите други жени, во бременоста со ќерката Блу Ајви качила дури 25 килограми, па откако се породила, морала да избегнува храна од животинско потекло за да ја врати својата витка фигура.
Нејзиниот личен тренер Марко Боргес открива како таа успеала да ги симне килограмите добиени за време на бременоста. Имено, Бијонсе јаде по еден вегански оброк дневно. Тоа подразбира само внесување на храна од растително потекло, богата со растителни влакна и многу малку масти.

Овој начин на исхрана подразбира придржување до ригирозни правила, а она што може да постигнете е намалување на холестеролот и крвниот притисок, намалување на ризикот од срцеви заболувања, а исто така може да ги намалите и  килограмите.

За време на бременоста таа заедно со сопругот Џеј-Зи делумно се придржувале до овој режим на исхрана, но по раѓањето на Блу Ајви, Бијонсе редовно продолжила со вегански оброци. 
Нејзината ужина се состои од зелени јаболки, краставици прелиени со оцет, црвена пиперка и лимон. Освен на исхраната, нејзината линија се должи и на интензивните тренинзи. И поп дивата Бијонсе, како сите други жени, во бременоста со ќерката Блу Ајви качила дури 25 килограми, па откако се п

Пронајдете не на следниве мрежи: