Како играте, како нарачувате пијалак и како се движите – овие се сигурни показатели за тоа колку сте добри во кревет …
Саботна вечер, вие и вашите пријателки влегувате во кафуле, седнувате на првата слободна маса и нарачувате пијачка. На одење вашата пријателка држи неколку телефонски броеви од најзгодните момци, а вие фискалната сметка. Иако веднаш ќе го “обвинивте” нејзиното деколте на кое секоја девојка би и позавидела, мораме да ве разочараме – тоа не е (толку многу) клучно во целата ситуација.
Тајната лежи во говорот на телото со кој испраќате сигнали во „етерот“, кои ги фаќаат сите машки радари. Често повеќе внимание се посветува на гестовите, висината и бојата на гласот, отколку на зборовите, особено во областа на сексот, каде што 80 отсто од комуникација е токму од овој тип. Затоа, врз основа на начинот на кој вие се движите, зборувате, или она што го јадете лесно може да се заклучи како би се однесувале во “жешките” моменти.
Значи, ако вашата мисија е да го убедите згодното момче кое го таргетиравте, дека сте експлозивни и возбудливи, за ова не ви се потребни напучени усни и мини здолништа. Доволно е да знаете како да се движите и бидете свесни за вашето тело. Сетете се на Шакира: ниска, со кратки и полни нозе, но сепак, додека игра секој дел од нејзиното тело емитува порака: “Јас сум секси!”
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Како играте, како нарачувате пијалак и како се движите – овие се сигурни показатели за тоа колку сте добри во