Facebook објави исклучително силни финансиски резултати за третиот квартал минатава недела. Акцентот при претставувањето падна врз иднината на социјалната мрежа и тоа како таа може да го искористи овој успех, за да инвестира во долгорочни цели…Главниот финансиски директор Дејвид Венер и извршниот директор Марк Зукерберг посочија дека следната година Facebook ќе преземе агресивни инвестиции во таленти и промотивни технологии. Исто така Зукерберг ја претстави својата стратегија за развој на компанијата во наредните 3,5 и 10 години.
Во генерални линии тој сака Facebook да располага со хетерогени производи – WhatsApp, Messenger, Search, Video, NewsFeed, Oculus и Instagram, кои поврзуваат, секој од нив, 1 милијарда корисници. Откако ќе се засилат и прошират доволно, Зукерберг има намера да започне агресивно да ги продава.
Креаторот на социјалната мрежа сака да ги подобри и рекламните услуги, особено во мобилниот сегмент. Во моментов огласувачите трошат само 11% од буџетот во мобилниот сегмент, бидејќи се уште недостасуваат прецизни алатки таму, според главниот оперативен директор на Facebook, Шерил Сандберг.
Конечно Facebook сака да ја изгради следната голема платформа за пресметки преку Oculus. Покрај тоа, компанијата ќе се стреми да поврзе повеќе луѓе со интернет преку Internet.org.
„Ќе се подготвиме за иднината со агресивни инвестиции“, рече Зукерберг.
„Главните наши цели во наредните 3 години ќе бидат фокусирани на тоа да продолжиме да се шириме и да им помогнеме на заедниците и бизнисите што служат, да го достигнат својот целосен потенцијал“, посочи Зукерберг.
Повеќе на: GSM.MK
Главниот финансиски директор Дејвид Венер и извршниот директор Марк Зукерберг посочија дека следната година Facebook ќе преземе агресивни инвестици