Која храна е опасна за бебињата?

Воведувањето на цврста храна е важен чекор во развојот на бебињата. Постојат производи кои можат потенцијално да предизвикаат алергиски реакции или во некои случаи дури и ботулизам, кој го напаѓа нервниот систем.Од исклучителна важност е внимателниот избор на производи, посебно во првите 12 месеци од животот на детето, бидејќи дигестивниот систем во тој период нема можност да го заштити детскиот организам од бактерии.
Еве кои производи треба да се избегнуваат во првата година од животот:
Мед, пченкарен сируп и јаворов сируп
На бебињата не треба да им се нуди било кој од овие производи, бидејќи тие можат да ја содржат бактеријата Clostridium botulinum. Доколку бебето проголта производ кој ја содржи оваа бактерија, тогаш во организмот се создава отров кој предизвикува ботулизам.
Непастеризирано млеко
На бебињата не треба да им се дава кравјо млеко во првата година од животот заради можност од појава на алергии, а посебно да не им се дава непастеризирано млеко. Тоа млеко содржи патогени микроорганизми кои можат да предизвикаат различни болести. Неразвиениот имунолошки систем на бебето не може да се бори против патогените во непастеризираното млеко, па можат да настанат сериозни компликации.
Целиот текст ќе го најдете на najadise.mkОд исклучителна важност е внимателниот избор на производи, посебно во првите 12 месеци од животот на детето, биде

Пронајдете не на следниве мрежи: