Осми март е меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува секоја година.Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20 век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.
По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март по прв пат е прогласен за државен празник.
Меѓународниот ден на жената се прославува и кај нас, жените во Македонија добиваат посебно внимание на овој ден. Љубов, честитка, цвеќиња и подароци од најмилите, но и од посилниот пол. Но покрај скромните подароци има и такви, кои, навистина, знаат пријатно да изненадат една жена. Така ова утро како подарок за 8 март една дама си доби автомобил. Пракираниот автомобил е забележан од случаен минувач во oпштина Аеродром во Скопје, секако со панделка и честитка. Фотографијата е споделена на социјалните мрежи. Позитивни коменатари рој. Секоја чест на тој што го подарил. Среќен 8 Mарт и со среќа дамата да си го вози.Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20 век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење.
Пронајдете не на следниве мрежи: