Која нација во светот троши најмногу пари за на одмор?

Секое лето се случува вистински хаос во светот кога треба да се одбере место за летување и да се одлучи колку пари ќе се потроши за истото. 
Светската Туристичка Организација на Обединетите Нации спроведе истражување околу тоа која нација најмногу патува и најмногу пари троши на патувања. 
Листата со податоци се однесува на 2012 година и се споредува со податоците од 2002 година.
Според последните проценки Кина бележи најголем скок и се искачи на врвот, како земја која во 2012 година потрошила најмногу пари на туристички патувања. Буџетот на Кина во 2012 година се намалил за 102 милијарди долари, поради туристичките патувања на нејзините граѓани. Од друга страна Јапонија од четвртото место во 2002 година, бележи пад за 4 места во период од 10 години. 
Кај туристите од Русија и Австралија се бележи голем скок во поглед на патувањата, додека оние од Европа, со исклучок на Германија очигледно сериозно ја сфатиле економската криза па добри ги сокриле паричниците. 
Следува листата со официјални податоци од 2002 година. 
1. Кина (седми во 2002 година) 2. Германија (втори во 2002 година) 3. САД (први во 2002 година) 4. Обединетото Кралство (трети во 2002 година) 5. Русија (десети во 2002 година) 6. Франција (петти во 2002 година) 7. Канада (единаесетти во 2002 година) 8. Јапонија (четврти во 2002 година) 9. Австралија (не е во првите 15 во 2002 година) 10. Италија (шести во 2002 година) 11. Сингапур ( петнаесетти во 2002 година) 12) Бразил (не е во првите 15 во 2002 година) 13) Белгија (тринаесети во 2002 година) 14) Хонг Конг (девети во 2002 година) 15) Холандија (осми во 2002) Секое лето се случува вистински хаос во светот кога треба да се одбере место за летување и да се одлучи колку пари ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: