Коко Шанел – дефинитивна биографија

“Жената има оноклу години колку што заслужува.”
– Коко Шанел
 
Рани години
Коко Шанел е родена Габриеле Бонхер Шанел на 19 Август 1883 година во Самур, Франција. Нејзините безвременски и уникатни дизајни на малот црн фустан и костумите за жени се дизајни кои се носат и ден денес. Таа станала стилска икона поради нејзините едноставни а сепак софистицирани комплети комбинирани со одлични аксесоари, како безвремените бисери. Како што и самата таа кажала: „луксузот мора да биде комотен, во спротивно не е луксуз“
Сепак, нејзините почетоци биле далеку од гламурозни. По смрта на најзината мајка, Шанел е ставена во сиропиталиште од страна на нејзиниот татко. Ја имаат одгледано калугерки кои ја научиле како да шие – способност која ќе ја одреди нејзината животна професија. Нејзиниот прекар – Коко доаѓа од друга професија со која се занимавала, пеењето. Многумина велат дека тој надимак проилегол од една од песните кои ги пеела а Шанел самата кажала дека надимакот е скратена верзија од cocotte, француски збор за „жена која внимава на себе“.
Пионер во модата Кога имала 20тина години, Шанел започнала врска со Етин Балсан кој се нуди да и помогне да отвори бизнис за шапки во Парис. Таа наскоро го остава за неговиот побогат пријател, Артур „Бој“ Капел. И двајцата мажи стануваат инструмент за вложување во работата на Шанел. Првата продавница за шапки ја отвара на познатата улица во Париз Rue Cambon, во 1910 година. Подоцна отвара продавници и во Дувил и Биартц и почнува да произведува облека. Таа првпат го чувствува успехот кој допрва ќе ја снајде по редизајнирање на стар машки џемпер во женски фустан на еден ладен ден. Многу луѓе ја прашале од каде и е фустанот а таа се понудила да им направи и на нив ист таков. „Моето богатство е засновано на тој стар џемпер кој го облеков во Дувил затоа што ми беше ладно“
Во 1920тите, Шанел го подига бизнисот на уште повисоко ниво. Таа го промовина нејзиниот прв парфем, Chanel No. 5, првиот парфем дотогаш произведен кој носел име на дизајнер.
„Пафремот е невидлив, незаборавлив, ултимативен аксесоар на модата. Тој го потенцира вашето доаѓање и го пролонгира вашето заминување“
Во 1925 година, го промовира познатиот Шанел костум без јака и прилепено здолниште. Нејзините дизајни биле револуционерни за тоа време – позајмени елементи од машка облека и зголемена удобност во рамките на тогаш популарната мода. Таа им помогна на жените да кажат „збогум“ на корсетите и затворената облека. Уште еден револуционерен дизајн од тоа време е малиот црн фустан. Таа искористила боја која се сметало дека се носи исклучително за жалење и покажала колку е шик истата да се носи како вечерна облека. Во дополнение на модата, Шанел била позната и на сцената на артистите и писателите во Парис. Таа дизајнирала костими за белетски претстави а помеѓу нејзините пријатели се вбројувал и Пабло Пикасо. Во тоа време, Шанел била во врска со композиторот Игор Стравински.
Љубовен живот и скандал Уште една важна романса во животот на Шанел започнува во 1920тите. Го запознава богатиот дјук од Вестминстер на неговата јахка околу 1923 година и од тогаш започнуваат врска кога трае со децении. Кога ја побарал за жена, таа одговорила:
„Имало неколку војводтки од Ветсминстер – но постои само една Шанел.“
Интернационалната економска депресија во 1930тите негативно влијаела на нејзината компанија но почетокот на Втората Светска Војна била причината за таа да ги затвори своите бутици. За време на германската опсада врз Франција, Шанел започнува романса со германски официр, Ханц Гунтер вон Динклаге. Таа добила посебна дозвола да престојува во нејзиниот апартман во Хотел Риц. По завршување на војната, Шанел била испрашувана за врската со официрот но никогаш не е осудена како соучесник. Постојат некои гласнини дека Винстон Черчил застанал зад неа, за да не ја осудат. Иако никогаш не ја осудиле правно, Шанел била остро осудувана од јавноста. Многумина ја гледале врската со нацистички официр како предавство кон својата држава. Но Шанел решава да го напушти Парис и се сели во Швајцарија на неколку години.
На полни 70 години, Шанел тријумфално се враќа во светот на модата. Најпрво добива остри коментари од критичарите но нејзините женствени и лесно носливи дизајни многу брзо ги освојуваат срцата на жени низ целиот свет.
Наследство Во 1969 година, фасинантната приказна за Шанел стана инспирација за Бродвеј Мјузиклот Coco, во изведба на Katharine Hepburn. Мјузиклот добива 7 номинации за Тони и 2 победи, Најдобар костим и Најдобар актер. Коко Шанел умира на 10 Јануари, 1971 во нејзиниот апартман во Хотел Риц. Таа никогаш не се омажила а во еден наврат вели:
„Никогаш не сакав да му тежам на маж повеќе од што тежи птица.“
Многу луѓе се собраа за да и оддадат почит а голем дел од нив, во нејзина чест, носеа Шанел костуми. 10тина години подоцна, Карл Лагерфелд застанува на чело на нејзината компанија за да го продолжи наследството на Шанел. Денес, нејзината компанија продолжува да изнудува воздишки и се верува дека годишно прави промет од стотици милиони долари.
 
Извор: lady.mk”Жената има оноклу години колку што заслужува.”

Пронајдете не на следниве мрежи: