Колачиња со цимет и чоколадо

Направете пресладок десерт за вашите најмили…Состојки:
– 280 г брашно
– 1 лажичка прашок за печиво
– 1/4 лажичка сол
– 1/2 лажичка мелен цимет
– 30 г какао во прав
– 200 г кафеав шеќер
– 1 големо јајце
– 2 лажички екстракт од ванила
– 230 г несолен путер
– шеќер во прав, за одозгора
– нутела, за одозгора
Приготвување:
Измешајте ги брашното, прашокот за печиво, солта, циметот и какаото во прав и оставете ги настрана.
Со електричен миксер матете ги путерот и кафеавиот шеќер додека да добиете кремаста смеса. Додајте ги јајцето и ванилата и повторно матете. Додавајте ја смесата од брашно и какао на два-три пати, мешајќи добро по секое додавање.
Чувајте го тестото два часа во фрижидер.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Извадете го тестото од ќесата и оставете го набрашнета маса 5 до 10 минути. Со сукало истенчете го на дебелина од околу половина сантиметар и со калап (или обична тркалезна чаша) од него исечете колачиња. Тестото што ќе ви остане откако ќе ги исечете колачињата повторно спојте го и повторете ја постапката додека не го искористите цело.
Наредете ги колачињата на тава обложена со хартија за печење. Печете ги 12 минути, или додека да бидат готови (но да не потемнат). Извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат.
Одозгора наросете шеќер во прав или намачкајте нутела. Послужете.Состојки:
– 280 г брашно
– 1 лажичка прашок за печиво
– 1/4 лажичка сол
– 1/2 лажичка мелен цимет

Пронајдете не на следниве мрежи: