Колариќ: На 15ти октомври СДС ја погреба македонската демократија

На 15-ти октомври Социјалдемократскиот сојуз ја погреба македонската демократија и ќе остави црна трага во македонската историја со организирање на избори на кои граѓаните ниту слободно, ниту пак демократски, ниту пак во фер атмосфера го даваа својот глас, вели Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.-Во предизборниот период се случуваа голем број на нерегуларност, уцени и притисоци, се избришаа границите помеѓу партијата и државата, кандидатите за градоначалници беа константно следени, беше вршен притисок врз гласачите, а за жал беше убиен и носител на советничка листа. Изборниот ден помина во тензична атмосфера со прекини на гласањето на повеќе гласачки места, со евидентирани уцени и со поткуп на гласачи. Додека на голем број места низ државата беше извршен т.н. метод на бугарски воз, со што гласачките кутии беа наполнети со однапред заокружени ливчиња за Социјалдемократскиот сојуз, потенцираше Колариќ.

Таа вели дека бугарски воз од досега евидентираното е извршен во Карпош, Охрид, Велес, Струмица, Врапчиште, Гостивар, Гевгелија и Берово, сето ова е документирано и внесено во записник.
-Во јавноста и медиумите излегоа информации за испечатени дупли гласачки ливчиња од кои едни биле за потребите на ДИК, а други за потребите на Социјалдемократскиот сојуз кои однапред заокружени со кандидатите на Социјалдемократскиот сојуз им биле дадени на гласачите. Доказ за оваа ситуација се гласачки ливчиња пронајдени во Ресен со ист сериски број. Овие и голем број на други нерегуларности и докази за постоечкиот изборен инжинеринг се премолчени и релативизирани од страна на надлежните институции, а особено од ДИК, институцијата која е најодговорна да постапи по овие сериозни докази. Мнозинството на членовите на ДИК кои се од Социјалдемократскиот сојуз како и претседателот Чичаковски покажаа една видна нервоза која беше резултат на нивното замижување пред очигледните незаконитости. ДИК за жал остана нем пред очигледниот изборен криминал кој го спроведе Социјалдемократскиот сојуз, рече Колариќ.
Таа додава дека поткупот на гласачите кој беше присутен во текот на целата изборна кампања, се забележа и во текот на изборниот ден.
-Овие избори според сите информации и според сите докази кои се јавно достапни се најнерегуларните избори некогаш спроведени во независна Македонија. Македонија заслужува да биде демократска држава, а граѓаните заслужуваат да го остварат своето демократско право и слободно да го дадат својот глас и да се почитува нивниот глас. За сево ова одговорност мора да има и одговорност ќе има. Времето на уцени помина, граѓаните гордо и достоинствено ќе си ја одбранат демократијата во Република Македонија, изјави Колариќ.-Во предизборниот период се случуваа голем број на нерегуларност, уцени и притисоци, се избришаа границите помеѓу партијата и државата, кандидатите

Пронајдете не на следниве мрежи: