СДС и владата своето расипничко однесување не смее да го покриваат на грбот на граѓаните. СДС и Зоран Заев мора да се откажат од намерите да ја покачат акцизата и на тој начин повторно да стават рака во џебот на граѓаните. Не смее граѓаните да плаќаат и да осиромашуваат за да ги задоволува владата на СДС и нивните апетити како и апетитите на десетици платеници од таканаречената шарена револуција, истакна Светлана Колариќ, член на ИК на МВРО-ДПМНЕ.-Не постои никакво оправдување за зголемување на акцизата. Владата на ВМРО ДПМНЕ не го стори тоа ниту во времето на најголемата економска криза. Владата на Заев и СДС крајно и бесрамно гo навредува и го потценува интелектуалниот капацитет на граѓаните. Преку советникот во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ кој на посиромашните граѓаните им порачаa дека треба помалку да возат автомобили или да не се грејат на нафта чија акциза владата ќе ја покачи за 3 денари. Секој граѓанин знае дека покачувањето на акцизата на дизелот ќе ја повлече инфлаторната спирала во стопанството, транспортот и конечно ќе се одрази на цените на производите и услугите. Покачувањето на акцизите ќе удри и по конкурентноста на домашните компании на меѓународниот пазар и негативно ќе влијае врз целокупната економија, рече Колариќ и додаде:
„Неспособниот советник Јовановиќ и неговите недоветни изјави, се само одраз на неодговорнсота и негрижата на оваа Влада предводена од Заев и СДС кон граѓаните. Од оваа одлука за покачување на акцизата на дизелот штета ќе имаат сите. Зголемената цена на дизел горивото директно ќе влијае на јавниот превоз, превозниците со камиони, градежната оператива, стопаствениците кои користат нафта за загревање и во текот на производниот процес, а со тоа и ќе се влијае на цената на нивните крајни производи. Штетата од оваа одлука ќе ја почуствуваат и граѓаните како крајни консументи на овие услуги и на овие производи.Тоа сите го гледаат, освен недоговорните функционери како Јовановиќ кои се комотно распослани на власт. Целокупниот пад во економијата и нивната неспособност сега ќе ја покриваат со нови и повисоки давачки за граѓаните и за стопставото, покачување на акцизи, покачување на даноци со цел да ги покријат своите буџетски дупки. Ова ќе биде класично осиромашување на граѓаните и стопанството на сметка на нивното неработење и незнаење“.
-Не постои никакво оправдување за зголемување на акцизата. Владата на ВМРО ДПМНЕ не го стори тоа ниту во времето на најголемата економска криза. Вл