Важни дефиниции по физика:
-Големината на желбата кое момчето ја има за девојката е обратно пропорционална величина од интересот на девојката за тоа момчеКога учиме за тие величините не ни ги кажуваат дефинициите кои во реалниот живот имаат големо практично значење и му се потебни на секој човек.
Еве ќе започнеме со најмладите, бидејќи во нив е целата надеж. Дефиницијата која има неизмерно практично значење во животот на секој млад човек гласи:
– Големината на желбата кое момчето ја има за девојката е обратно пропорционална величина од интересот на девојката за тоа момче.
Доколку младите добро ја разберат и практично ја применат оваа дефиниција ќе се избегнат многу депресивни моменти кај младите.
Друга многу важна дефиниција која ни помага да го сфатиме преминот од младост-лудост во сериозност и да не очајуваме зошто се помалку ни се оди по журки е:
-Количината на нервоза која произлегува од гужвата во ноќен клуб е право пропорционална величина со возраста на личноста.
Тука мора да се напомени дека возраста не е фиксна, туку е релативна категорија. Всушност, во одредени ситуации 18 и 28 години можат да имаат исто значење. За наједноставно да се сфати ова величина, најдобро е возраста да се сфаќа како созреаност на личноста и да нема никакви проблеми со нејзиниот релативен карактер при пресметките.
Кога веќе сме кај младите мора да се спомне и оваа дефиниција која не може да се сретне во ни еден учебник по физика, а има многу големо практично значење за младите, бидејќи се однесува на флертувањето како најважна работа за секој млад човек. И оваа дефиниција се однесува на пропорционалност на величини:
-Количината на алкохол во крвта е право пропорционална величина со опуштеноста при флерт. Ова не значи дека тој што воопшто не пие алкохол е вечна девица, бидејќи шансите за да ќариш некоја е величина која никогаш не почнува од 0, туку почнува од 1, што значи дека секој секогаш има шанса кај некоја. Ако над оваа величина додадеме ознака Ж (жена), тогаш величината да се ќари некого не започнува од 1, туку започнува од 10, бидејќи мажите секогаш се помалку отпорни кога е во прашање отпорот за флерт.
Овие дефиниции се многу важни за младите, бидејќи тие се сретнуваат со овие проблеми во секојдневните чаршиски случувања и често пати не знаат како да се однесуваат и прават кардинални грешки кои се во спротивност со правилата на физиката. Па така, кога погрешно ќе ги постават величините, тогаш тргнуваат по погрешен пат бидејќи резултатот им е грешен. Дефиниравме дека младите ги испуштивме од раце, оти тие се загушени со непрактични физички формули и дефиниции, а не со практични заклучоци кои неизбежно треба да им се презентираат на младите.
Сакам да изразам една многу важна дефиниција за оние не толку младите, туку за оние кои навлегуваат во деловниот свет, оние кои бараат работи и кои се трудат да останат на работа. Физиката е брилијантна наука па докажала дека:
-Длабочината на грлото при „пушење“ е право пропорционална величина со висината на функцијата на уживателот на тој процес.
Ова е основната дефиниција во деловниот свет. Сите други дефиниции и формули се базираат и потекнуваат од есенцијата на оваа дефиниција.
За да не испадне дека физиката како наука ги проучува само младите и помалку деловниот свет, еве ќе посочам една дефиниција од домаќинството:
-Смрдеата на пржен кромид во комшилукот е право пропорционална величина со староста на соседите.
Дека животот е само физика и може најправилно да се сфати неговата суштина преку следење на дефинициите на физиката ќе ви покаже и следната дефиниција која се однесува на меѓународната политика, а нас како Македонци директно не засега. Дефиницијата гласи:
-Шансата Македонија да влезе во ЕУ е обратно пропорционална величина од количината на идиотското расположение на Грчката Влада.
Бидејќи ова прашање не засега сите, од најмладо до најстаро ќе му посветам малце поголемо внимание и ќе ги искористам сите познавања од физиката. Всушност, во поставувањето на овие параметри многу е важно да се пресмета количината на идиотското расположение на Грчката Влада. Количината на идиотското расположение на Грците зависи од притисокот на влијателните земји односно, физички искажано тоа звучи вака:
-Количината на идиотско расположение на Грците е обратно пропорционална величина со политичкиот притисок кој го вршат големите сили врз нив.
Значи, аналогно на ова:
-Шансите Македонија да влезе во ЕУ е право пропорционална величина со притисокот на големите земји кој го вршат врз Грчката Влада.
Во моментов големите земји речиси да не вршат притисок врз Грчката Влада, па затоа грчкиот идиотизам е преголема величина изразена со седум нули и затоа конечниот резултат на оваа формула е разочарувачки. Постојат и други практични дефиниции кои се однесуваат на меѓународната политика, но ќе се воздржам и нема да ги презентирам тука, бидејќи свесен сум дека овој текст од висока научна вредност, со соодветен превод, ќе стигне до Путин и Обама.
Ете, сега откако се уверивте дека сите појави може да се искажат низ физичките величини, можете да заклучите дека, вредноста на овој текст е обратно пропорционална величина со количината на дебилизам кој ви го презентирав.
За крај, сакам да напишам уште две дефиниции кои се за +18, но сепак препорачувам да ги прочитаат и најмладите:
-Големината на пенисот и неговата употребливост е обратно пропорционалана величина од количината на самопофалби за него.
Поради еманципацијата на жените и нивна позитивна дискриминација, на нивно незадоволство морам да ја искажам и оваа дефиниција:
-Искористеноста на вагината е право пропорционална величина со глумењето невиност на особата која ја поседува таа вагина.
Г. АнгелескиКога учиме за тие величините не ни ги кажуваат дефинициите кои во реалниот живот имаат големо практично значење и му се потебни на секој