Колкава е поврзаноста помеѓу срцето и забите?

Како што е добро познато, во последно време луѓето често размислуваат за здравјето на своето срце и редовно трошат добра сума на пари за превенција на неговите болести. Ова се должи на фактот дека процентот на луѓе кои се соочуваат со проблеми со срцето, сѐ повеќе се зголемува.Затоа, во светот се трошат милиони долари секоја година за превенција на срцеви заболувања. Во повеќето случаи, луѓето даваат доста пари за здрава исхрана, фитнес опрема, медитација и што ли уште не. Давањето пари за наведените работи е одлично, само што во повеќето случаи се пропушта еден многу важен фактор за здравјето на срцето.
Дали се сетивте кој е тој? Овој фактор е здравјето на вашите заби и непца. Најверојатно веќе знаете дека постои сериозна врска помеѓу здравјето на вашиот апарат за џвакање и здравјето на целиот организам. Сепак, едно од последните истражувања покажува дека загубата на заб поради периодонтитис може да биде болен, но и многу важен сигнал за започнување на затнувањето на артериите, што може да доведе до сериозен проблем со срцето.
Претходните истражувања покажаа поврзаност помеѓу болестите на непцата и срцевиот удар и инфарктот. Експертите сметаат дека бактериите кои предизвикуваат воспаление на непцата може да предизвикаат опасни воспаленија и на крвните садови. Научниците откриле и дека ширењето на артеријалната тензија е во корелација со бројот на изгубени заби на испитанците – колку повеќе е распространета, толку помалку заби имале пациентите.
При една од првите студии на темата: „Односот помеѓу грижата за усната шуплина и срцевите заболувања“, истражувачите набљудувале над 11.000 возрасни луѓе. Тие обрнале особено внимание на физичката активност на испитаниците, на зависноста од пушењето и здравјето на усната шуплина.
71% од испитаниците се изјасниле дека ги мијат забите два пати на ден. Дека посетуваат стоматолог на секои шест месеци, се изјасниле 62% од нив. Собирајќи ги информациите за факторите кои се способни да влијаат на ризикот од срцеви заболувања, научниците објасниле дека кај луѓето кои одвреме навреме ги мијат забите, ризикот од срцеви заболувања е зголемен за 70%. Затоа, превенцијата на срцевите заболувања не вклучува само здрава исхрана и спорт, туку исто така и:
– свест за правилна хигиена на усната шуплина, забите и непцата;
– редовно користење на четка, паста и конец за заби;
– посета на стоматолог барем на шест месеци;
– редовна професионална орална хигиена;
– при веќе развиена пародонтална болест: следење на препораките на стоматологот за правилно лекување.
И запомнете: Убава насмевка, здраво срце!Затоа, во светот се трошат милиони долари секоја година за превенција на срцеви заболувања. Во повеќето случаи, луѓето даваат доста пари за здрава

Пронајдете не на следниве мрежи: