Невладината СОРОС им платила 393 илјади евра на своите медиуми во 2013 година, покажува извештајот објавен на последната страница на неделниот весник Фокус. Според податоците, најмногу пари легнале на сметката на весникот Слободен Печат или 60.000 евра. Меѓу интернет порталите, најмногу пари СОРОС му доделил на А1 он. За само една година, овој портал на основ грант од СОРОС инкасирал 49.706 евра. На втро место меѓу порталите е Плусинфо кој за 12 месеци од СОРОС добил 47.702 евра. Трет е Порталб, интернет портал кој известува на албански јазик и кој годинава од СОРОС земал 40.977 евра. Над 36.000 евра но само за 6 месеци земал и неделникот Фокус, 26.686 евра легнале на сметката на порталот Либертас, 20.615 на Буревесник, а грантови меѓу 16 и 18 илјади евра добиле Скај, Окно, Мојот Град, како и неделникот Глобус.
Вистината на вкупната сума која СОРОС ја дели меѓу своите медиуми оваа година е највисока. Во споредба со 2009 година, износот кој СОРОС им го доделил на медиумите во 2013 скокнал за 10 пати и ја достигнал сумата од 393 илјади евра.
Лани медиумите на СОРОС инкасирале 226 илјади евра, во 2011 година безмалку 98.000 а во 2010 година скоро 47.000 евра
Меѓу интернет порталите, најмногу пари СОРОС му доделил на А1 он. За само една година, овој портал на основ грант од СОРОС инкасирал 49.706 евра. Н