Дали одењето на забар на секои 6 месеци е навистина потребно?Многумина мислат дека забарот треба да се посетува на секои 6 месеци – иако тоа можеби не го прават, пишува „Би-Би-Си“.
Поединци веруваат дека ова правило е воспоставено за првпат во 18-тиот век, пред контролните тестови, кои би можеле да ја проверат неговата веродостојност.
Лицата кои имаат бројни проблеми со забите почесто би требало да ги посетуваат стоматолозите, меѓутоа што би требало да прават другите?
Во текот на претходната деценија, три-четвртини од забарите во Њујорк, во рамките на една анкета, препорачаа преглед на забите на секои 6 месеци. Иако и денес го препорачуваат истото, веќе некој период луѓето сметаат дека овој временски период е всушност произволен. Професорот за дентално здравје на Универзитетот во Лондон во 1977 година, објави работа во медицинската листа „Lanset“, во кое го привлекува вниманието во недостаток на докази, што ќе одат во прилог на оваа пракса.
Една студија открила дека посетувањето на забар повеќе од еден пат годишно, не прави разлика кога е во прашање туморот при дијагноза на рак на усната празнина, додека друга укаѓува на тоа дека туморот може да биде во напредна фаза при откривањето, доколку луѓето редовно не посетуваат забар.
Сепак, при бројните несогласувања во врска со посетите на забарот, постои и друга причина за одењето на преглед. Дури ако забарот не здогледа никакви проблеми, тој ќе ве потсети да продолжите да се грижите за вашите заби и да ги чистите на вистински начин.
На самиот крај, колку пати ќе седнете во нивната ординација зависи исклучиво од вас, вашите проблеми со забите и проценката на забарите. Многумина мислат дека забарот треба да се посетува на секои 6 месеци – иако тоа можеби не го прават, пишува „



