четврток, 12 ноември 2026
Најново

Колку често треба да ја менуваме постелнината?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Истражувањата покажуваат дека секоја осма жена ретко ја менува постелнината, а 13 % од луѓето спијат во чаршафи, кои дури и не ги перат со месец…Спиењето во валкан кревет е опасно за здравјето, бидејќи крие голем ризик од акумулација на штетни бактерии за нашиот организам.
Без разлика на кое ниво е личната хигиена на човекот, сите луѓе лачат мртви кожни клетки, влакна и телесни течности. Ако тие останат таму премногу долго, може да предизвикаат непријатна миризба, лепкавост и да служи како храна за бубачки, микрокрлежи, болви и други паразити.
Затоа е препорачливо да имате барем 3 комплети – еден во кревет, еден во пералната и еден во плакарот.
Сексуално активните исто така треба да ја менуваат постелнината редовно или по секој чин, кој оставил трага по чаршафите.

 
Ова важи и за жените во циклус. Дури и најмалата дамка исушена крв може да послужи за создавање на микрокрлежи или други паразити.
Некои луѓе претпочитаат да ја менуваат долната облека два пати неделно, за да гарантираат чистота и свежина при спиење. Овој начин можеби е многу практичен особено за летните месеци, кога се потиме повеќе. Покрај тоа сушењето на алиштата на сонце доведува до уништување на штетните микроорганизми и микроби.
Честа промена е потребна особено ако имате навика да јадете во кревет. Експертите советуваат да ги перете валканите чаршафи и ќебиња во топла вода, освен ако тоа не е произведено од нежен материјал како свила.
При перење водата треба да е околу 59-60 ° C, за да бидат отстранети бактериите и пајакот грини.
Хемиското чистење и чистењето со пареа се добри опции ако чаршафите, покривката и навлаките не можат да бидат исперени при висока температура.
Освен постелнината, перете ги перниците и ќебето. Бидете сигурни дека перниците се целосно суви пред да ги вратите назад на креветот за да го избегнете ризикот од мувла.
Почитувањето на хигиена при одржувањето на постелнината, душекот, ќебињата и перниците се гаранција за подобро здравје.Спиењето во валкан кревет е опасно за здравјето, бидејќи крие голем ризик од акумулација на штетни бактерии за нашиот организам.
Без разлик

Поврзани вести