Колку често треба да вежбате за да забележите дефинирани мускули?

“По колку недели вежбање можам да очекувам да забележам јасно дефинирани мускули на своето тело?” – ова е најчесто поставувано прашање кога започнувате со вежбање. Секако дека тоа првенствено зависи од тоа колку често вежбате, но и од многу други фактори, а еден од нив е и колку се долги паузите помеѓу тренинзите.“Дефиницијата на мускулите зависи од зачестеноста и интензитетот на вежбањето, а со цел мускулите да станат поизразени, потребно е помеѓу четири и осум недели”, објаснува Џон-Ерик Кавамото, кондициски тренер. Тој вели дека иако можеби тоа се чини како долг период, веќе по две недели можете да ги добиете првите показатели дека вашите вежби се делотворни. 
Тренингот со висок интензитет е најефективен
Доколку на своето тело сакате да забележите дефинирани мускули, фокусирајте се на тренинг со висок интензитет, три до четири пати неделно.
“Во тренд е тренингот со висок интензитет во интервали, а се состои од неколку кратки периоди на вежбање со максимална јачина, во комбинација со интервали со помал напор при вежбањето, како што е пример истегнувањето, вежбите со тегови или јога”.
“Ваквиот тренинг е наменет за луѓе кои немаат доволно време, но секако сакаат да го одржуваат здравјето и формата, барајќи нешто ново и предизвикувачко. Популарни програми во овој стил се CrossFit, P90X и Tabata”, објаснува Марино Башиќ, професор по кинезиологија и личен кондициски тренер.
Со помош на овие видови на тренинг, најефективно се топат масните наслаги што помага во побрзо дефинирање на мускулите.
Одморот е подеднакво важен како и вежбањето
“Важно е да си обезбедите неколку дена одмор помеѓу тренинзите, со цел вашето тело да се регенерира од напорните вежби. Претерувањето со вежбите може да доведе до сериозни повреди и исцрпување на организмот. Доколку сакате видливи мускули, освен на вежбањето треба да внимавате и на вашата исхрана. Со тоа, доколку вашата цел е зголемување на мускулната маса, мора да додадете протеини во секој оброк, бидејќи тие се “градежниот материјал” на мускулите”, објаснува Кавамото.“Дефиницијата на мускулите зависи од зачестеноста и интензитетот на вежбањето, а со цел мускулите да станат поизразени, потребно е помеѓу чет

Пронајдете не на следниве мрежи: