Холандија е површински многу мала земја, но на економско, културно и општестевно ниво е на самиот врв на Европа. Иако владата и сета администрација се смесени во Хаг, Амстердам е главен град и центар на сите збиднувања.
Либералните закони привлекуваат голем број туристи од цел свет, кои сакаат легално да го пробаат, она што во нивните земји е забрането.
Легалното конзумирање на лесни дроги и проституцијата се достапни за туристите. Тоа првенствено привлекува голем број млади луѓе од цел свет.
Во Амстедам постојат специјализирани барови во кои покрај со кафе, ќе Ве понудат и со марихуана, хашиш, халусциногени печурки и сл, а познати се како кофи-шопови. Таму еден грам марихуана чини од пет до 12 евра, во зависност од видот и концентрацијата на ТХЦ (психоактивна супстанца), а една претходно завиткана цигара со марихуана или јоинт од три до седум евра.
Амстедам има над 230 кофишопови. Најмногу од нив се сместени во центарот на градот, што прави да е навозможно да се одминат. Поради безбедност, на туристите им се препорачува да посетуваат само легални кофи-шопови, со лиценца дадена од државата. Ќе ги препознаете по тоа што на својот излог имаат истакнато лиценца за работа, која изгледа како на фотографијата подолу.
Истражувањата покажале дека скоро 30% од туристите кои го посетиле Амстедам, за време на престојот испушиле барем еден јоинт. Скоро 10 проценти од туристите рекле, дека кофи-шоповите биле главната причиина за нивната посета на Амстердам.
Кога сме кај тоа колку чинат „гревовите“ на Амстердам, сигурно ќе Ве интересираат и детаљите за „црвените дами“. За едно 15 – минутно искуство со дамите од црвените излози ќе терба да одвоите 50- сетина евра, а за секои следни 15 минути цената се зголемува. Флертувањето е првиот чекор кој проститутката го прави за да привлече муштерии.
Доколку сто ова не Ве интересира, можете да се запознаете со културно-историските градби. Ќе мора да направите избор кои градби и музеи ќе ги посетите, зошто тука ги има премногу: Над 40 музеи, 170 галерии, 1500 мостови, безброј канали и чамци кои постојано пловат…
За да заштедите и време и пари задолжително набавете „Амстедамската картичка“ со вграден чип, која чини 50-тина евра, а со неа во рок од 72 часа добивате бесплатен градски превоз и влез во околу 30 атрактивни музеи и други атракции, како и две прошетки со брод.
Музејот Хајнекен е еден од најневообичаените музеи. Во цената на влезницата од 15 евра вклучено е козумација од три кригли пиво, како и подарок- Хајнекен конзерва со чаша за пиво. Пред ова да сетане музеј во оваа зграда била сместена фабриката за пиво основана во 1867 година од стана на Gerard Adriaan Heineken. На крајот од посетата на овој музеј, можете да си купите најразлични сувенири со логото на Хајникен.
Амстердам е еден од најубавите и најневообичаените градови во Европа. Град во кој се е дозволено, град во кој се случуваат феноменални журки по клубови и дискотеки, кои траат до раните утрински часови. Ако сеуште не сте го посетиле, направете го тоа во првата прилика што ќе Ви се пружи.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани…. или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24
Холандија е површински многу мала земја, но на економско, културно и општестевно ниво е на самиот врв на Европа. Иако