70.000 евра, 100.000 фунти или една милијарда долари? Колку чини името? Очигледно, „цената“ се менува во зависност од Македонец до Македонче. За некого е бесценето, за некого, пак, вреди многу малку. За жал, за еден дел од луѓето во Македонија, името е и добра отскочна штица за политичка кариера, колатерална штета на можноста за владеење. Гледано од страна, опозициската бурлеска има силни елементи на научна фантастика. Само таму можат да се случуваат вакви нереални и нелогични дејства…Македонија доби уште еден ендемски вид политичари. Стана единствената земја во светот во која домашните политиканти за да станат политичари тргуваат ни помалку ни повеќе, туку со името на државата?! Уникатноста на земјата ја дополнува и пазарењето со националноста, но и фактот дека во неа се станува лидер на опозиција со антинационално дејствување, а мера за успешноста и за подобноста за функцијата претставува степенот на еластичност на лидеровиот ’рбет. Колку што е неговата „кичма“ поеластична и подобро се витка, толку повеќе симпатии ќе освои од странците, а таа „симпатија“ е сразмерно пропорционална со помошта (читај снимки) што истиот тој лик ќе ја добие од нив за да дојде на власт. По ова следува оддолжувањето кон добродетелите, а крајниот резултат е познат… Во светот свитливоста на ’рбетот е доблест за работа во стариот, добар циркус, а во Македонија предиспозиција за ролја во современиот опозициски циркус. Секако, ова треба да е во вашите гени, зачинето со вродена понизност кон меѓународната заедница, а со тоа и кон албанскиот блок партии и слабост кон територијални поделби, измеќарлак, менување национални симболи пред светот и домашна осуда на казни за хулигани што кршат судови поради пресуди за терористи што убиваат момчиња на Велигден.
И додека едни тргуваа со името и со националноста, воопшто не би било чудно, истовремено, други да тргувале со јазикот, трети со територијата, четврти, пак, со македонскиот воздух, макар и загаден. Колку да се продава нешто, нели, само да е македонско. Во оваа земја одамна ништо не се исклучува, особено имајќи предвид дека сме сведоци на светска премиера – пазар со името, воден од самобендисаниот „патриот“, кој се обиде на оваа карта да биде катализатор во победата на СДСМ врз ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Којзнае како ќе се викавме досега…
Рецептот на тогашните „патриоти“, измешани со „државотворци“, барем за нив, бил едноставен, јасен и одличен. Бошковски требало добро да „нагази“ и да ги ќари незадоволните, вистински патриоти и да ги додаде на сметката на СДСМ, секако, сето тоа естетски „прошарано“ со по некој новинар од ергелата на Рамковски. А целиот тој маркетинг и финансии за успешна презентација на лажната прикаска, обезбедени со „само“ едно име. Проблемот настана и во слабиот имунитет на напатените „државотворци“ од толку години безвластност, кои поради тоа се заразија од „патриотизмот“ на нивниот „обединет“ партнер. Така, тие влегоа во самозамислена, „патриотска“ мисија за спас на државата од режимот, кој, реално, не постоеше, освен во нивните глави. Нејсе што не им „стоеше“ да спасуваат нешто, макар и татковината, која во моментот имаше потреба од сѐ – работни места, инвестиции, влез во НАТО, патишта, датум за преговори со ЕУ, подобро образование, но не и од нивната божествена или странска интервенција, која ја оддалечи истата таа татковина од сите вистински потребни нешта.
Отскочна штица наречена име?!
При презентацијата на снимките од „Јутјуб“ , за кои „независните“ пера дигнаа врева само за потеклото, занемарувајќи ја целосно нивната скандалозна и бесрамна содржина, народот се праша една работа. Зар го продал името за 70.000 евра? Или за сто? Ова беше основниот муабет што се вртеше по македонските кооперации и пошироко. Луѓето не можеа да сфатат колку ниско паднал Бошкоски, но забораваа на една работа. Овие релативно мали суми беа само влог во нешто многу, многу поголемо. Името беше само „отскочна штица“. Со добиените пари од Грција се трасираше патот кон добивање на власта, која погрешно користена носи милиони. Овој мотив го споделуваа и неговите „државотворни“ партнери, факт што ја оправдува нивната мака и желба за владеење. Примерот за „доходовноста“ на владеењето го имаат кај своите претходници од партијата, кои имаа чест да владеат 15 години. И да ги партизираат судството, образованието, полицијата и целата администрација. Во меѓувреме, аргументите за „доходовноста“ на владеењето се очекуваат од швајцарската ХСБЦ. Можноста сето тоа да се направи повторно, по цена на „само“ едно име, некому и не изгледала страшно. Замислете ја само идната димензија на сегашните тендери и кирии? И сето тоа под превезот на божемна борба за демократија.
Повеќе на Република.мкМакедонија доби уште еден ендемски вид политичари. Стана единствената зе