Колку чини кризата во Р. Македонија предизвикана од страна на шарената револуција?

Аферата Платеничка револуција на СДСМ од  ден на ден  добива се поголеми размери. Стотици лица инкасирале различни суми на пари од чадорот на невладини организации на СДСМ, а за возрат тие се најгласните и дежурни протестанти и критикувачи на власта. Грубо пресметано, според досегашните податоци, учесниците во шарената револуција заедно земале повеќе од 40 милиони денари.Се разоткрива логистичката мрежа и излегува на виделина вистината за шарената револуција, која всушност е скапо платен проект зад кој стојат милиони кој се сливале на приватни сметки, а за возрат токму тие лица се во првите редови и ударна тупаница на СДСМ ширејќи тези за наводно непостоење на слобода, недостаток на демократија, со цел рушење на легитимно избрана влада.
Лидија Димовa која е пратеничка од СДСМ и прв човек на партискиот совет за евроинтеграции на својата приватна
жиро сметка инкасирана 137.808 бруто плата за 2014 година, дополнителни 136.063 бруто за лични примања по договор за повремена работа во 2014 година. Парите се префрлени токму од Македонскиот центар за европско образование, организација финансирана од СОРОС, а дополнително скандалозно е што токму Димова беше претходно нејзин прв човек, што би му дошло дека Лидија Димова од МЦЕО си префрла пари на Лидија Димова од СДСМ. Исто така Димова ќе остане позната што во 2012 година во Брисел бараше укинување на ИПА фондовите со образложение дека во 2013 година во Македонија треба да се одржат избори.
Сопругот на поранешната пратеничка на СДСМ Маринела Тушева, Бојан Маричиќ бил вработен во Фондацијата СОРОС а сега е извршен директор на МЦЕО која е соросова продолжена рака. Во 2014-тата од соросовата Македонски центар за европско образование земал бруто приходи од неверојатни 1 252 789 денари, додека минатата година инкасирал дополнителни околу 860 илјади денари. Додека  од НВО инфо центарот земал бруто по 27 344 денари за 2014та година, а во 2015-та дополнителни 30 466 денари.
На списокот е и поранешниот министер на СДСМ, и кандидат за претседател Љубомир Фрчковски. Тој во 2014-та година по основ на авторски права и договори земал во повеќе наврати по 6.710 денари преку соросовата ФОРУМ ЦСИД Скопје, а потоа наредната година сумата се наголемила на 7.526 денари. Тој во 2014-та година земал пари и од соросовата МЦЕО во износ од 8 250 денари. Покусо не останала и неговата ќерка Лени Фрчковска која работи за порталот Либертас и која во 2014-та земала хонорар од 7.650 денари од центарот за развој на медиуми. Приходи имал и неговиот син Јон Фрчковски кој воедно е и претседател на младите на СДСМ во Центар. Тој заработил 14.444 бруто примања по договор за повремена работа во 2014 година. И Љубомир, и Јон и Лени секојдневно протестираат по улиците и јавно креираат незадоволство одработувајќи за она што се платени.
Пари земал и Ѓунер Исмаил од СДСМ кој од соросовата ФОРУМ ЦСИД за 2014-та и 2015-та година заработил 390.935 денари, а ништо покусо не е и неговата ќерка Соња Исмаил која е една од активистите на иницијативата протестирам која од истата соросова организација земала по 470.999 денари за две години.
Претседателката на комисијата за социјална политика на СДСМ Мила Царовска земала 823 илјади денари само во 2014-та година преку невладината Хера која е финансирана со соросови пари. Во 2015-та година таа од истата организација земала дополнителни 592 105 денари.

 
Довчерашната техничка министерка за труд и социјална политика од СДСМ Фросина Ременска која ќе остане запаметена по кочењето на проектите како што се изградба на градинки и социјални станови исто така се офајдила од соросовата мрежа на невладини. Таа во 2014-та година земала хонорар од НВО Инфо Центар во износ од 5 846 денари.
Пари земал и поранешниот пратеник и потпретседател на СДСМ Гордан Горгиев кој од истата организација како и Фрчковски земал по 13.592 денари во 2014-та година, а потоа наредната година сумата се зголемила на 16.520 денари.
Рената Десковска од СДСМ исто така се офајдила од организациите финансирани од СОРОС: Покрај пратеничкото и професорското место таа во 2014-та година земала хонорар од соросовиот центар за развој на медиумите во иснос од по 3.333 денари.

Во пирамидалната шема на финансирање се наоѓа и Маргарита Цаца Николовска која е претседател на партискиот совет на СДСМ за политички систем. Николовска само за примања по договор за повремена работа во 2014 година преку Македонскиот центар за европско образование земала десетици илјади денари. Таа за возрат е една од најгласните против одлуките на Уставниот суд, оправдувајќи ги противправните дејства на СЈО на Катица Јанева и редица други непринципиелни акти во полза на СДСМ.
На платниот список фигурира и поранешната пратеничка на СДСМ а сега професорка на правниот факултет Каролина Астеруд која од истата клон организација исто како и Николовска се офајдила со неколку десетици илјади денари.
Се офајдил и адвокатот на Зоран Заев кој го брани во сите криминални случаи во кој е вмешан самиот Заев, Филип Медарски. Тој од Македонското здружение на млади правници земал по 19 675 денари цела 2014та година, а тоа продолжило и наредната година кога Медарски земал по 3 533 денари од истото здружение. Филип Медарски е познат по непотизмот во судството. Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е обвинител во Вишо ЈО Скопје, а сопруга на Филип Медарски е Софија Медарска, порано Спасова, судијка во Основен Суд 2, која пак е ќерка на Ристе Спасов, секретарот на Судот. Ова значи дека мајката на Медарски обвинува, а неговата сопруга пресудува.
Ирена Цветковиќ која е дел од дежурните протестантски иницијативи финансиски поддржани од СОРОС, а во функција и цел на СДСМ, дебело си го наплатува својот активизам. Таа само од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ за заштита на правата на ЛБГТ заедницата минатата година заработила 1.208.720 денари. А во 2014-та година исто така си заработувала и од соросовата ФОРУМ инкасирајќи исплати од по 6.710 денари.
Застапникот на ЛГБТ заедницата Љуми Бекири кој сега е дел од иницијативата протестирам, а претходно и од студентскиот пленум си земал пари дури три соросови организации, од истата соросова ФОРУМ ЦСИД повеќе исплати од по 4.260 денари, повеќе исплати од Хелсиншкиот комитет на Пировска од по 6.148 денари, како и од организацијата Цивил од по 2.484 денари.
Дека не е за без пари поддршката на протестите и на Бојан Јовановски или Боки 13-ка покажуваат и сметките дека само за 2015-та година од ХЕРА тој земал близу 1 милион денари или 998.627 денари. И неговиот истомисленик и соборец во проитестирањето на Кочо Андоновски е дел од соросвата платеничка листа. Тој во 2014-та година само од Хелсиншкиот комитет заработил 910. 073 денари
Уранија Пировска од Хелсишнкиот комитет која предничи по жолчните напади врз владата и извештаите во кој се оцрнува нејзината работа си инкасирала пари од повеќе соросови организации. Па така во 2014-та година заработила по 28.474 денари од ЦСИД ФОРУМ, од МЦЕО 20.500 денари, од организацијата ЦРМ по 3.750 денари, а од Хелсишпнкиот комитет дури 1.096 704 денари. Во 2015-та година исто така од Хелсиншкиот комитет заработила 1.287.990 денари, а од НВО инфо центарот додатни 14.344 денари.
Ништо не засостануваат и Забарчанови. Маријан Забарчанец од МОФ кој е дежурен протестант и интензивен граѓански активист дебело си ги наплаќа своите услуги. Па така само од МОФ за две години има инкасирано 731.805 денари. Пари си земал и од ФОРУМ ЦСИД од по 4.260 денари.
Благоја Забарчанец кој исто така е еден од најгласните на протестите на СДСМ од шарената револуција само од РОМА СОС во 2014-та и во 2015-та година си инкасирал 75.008 денари, додека Јасмина Забарчанец од истата организација исто така си го наплатила својот активизам со исплати од 4.536 денари.
Владимир Вангелов кој секојдневно е на протести и истиот се појавува и на протестите на плоштад Слобода, на партиските митинзи на СДСМ, на нивните партиски собири, на протестите против уставниот, а сега и на актуелните во кој се уништуваат и сквернават објекти и паметници на историските херои, својот активизам дебело си го наплаќа со парите на Соросовите организации. 
Па така во 2015-та година Вангелов земал 532.129 денари од соросовите НВО Инфор Центар и ЦРМ, а претходната 2014-та година од соросовите клонови 8- ми Септември и НВО Инфо центар земале 168.310 денари. Вангелов беше дел и од фингираните протести и средби на градоначалникот Жерновски и неговата иницијатива да се солидаризира со граѓаните кои не сакаат нови барокни фасади на зградите во кој живеат.
Граѓанскиот активист Мариглен Демири кој јавноста го памети по упадот на предавањето кај професорката Каракамишева, исто така си ги наплатил своите активности и во 2014-та година од соросовата ЦСИД ФОРУМ имал исплати од по 3.398 денари.

 
Од истата организација својот активизам парично го уновчил и братучедот на Радмила Шекеринска Никола Наумовски кој исто така е дел од актулените протести на шарената платеничка револуција на СДСМ. Наумовски кој е дел од иницијативите на сорос плоштад слобода, распеани скопјани, го сакам ГТЦ и кој физички нападна новинар, само од ЦСИД Форум во 2014-та година си земал по 3.763 денари во повече наврати.
Исто како Наумовски и дежурниот платен протестант Џелал Хоџиќ си инкасирал пари од соросвите организации и тоа од ЦСИД ФОРУМ, ЦРМ, и 8-ми Септември. Тој за 2014-та година си заработил 94.640 денари.  Додека Гочлев Александар кој е редовен декор на сите протести на СДСМ во 2014-та година 83.667 денари од две невладини на СОРОС, НВО инфо центар и 8-ми Септември.
На платниот список на соросовите организации е и Здравко Славевски од Левица кој заработи и пријава за нарушување на јавен ред и мир и оштетување на државниот имот. Тој за своите активности си заработувал по 3.398 денари од соросовата ЦСИД Форум.
На платните списоци е и Сашо Ордановски кој предничи во нападите на власта. Додека тој збори за потребата за демократија тој оваа година си го збогатил џебот со 211.741 денари од ФОРУМ ЦСИД, а пари земал и од организацијата ЦИВИЛ. Во 2014-та година инкасирал пари и од Транспарентност Македонија и тоа дополнителни 126 илјади денари.
Жената за која македонскиот народ е глупав, и која искажуваше навреди кон македонските бранители во куманово, Мирјана Најчевска, своите услуги ги наплатувала преку соросовата ФОРУМ ЦСИД од каде инкасирала 55 илјади денари, а пари минатата година земала и од Македонското здружение на млади правници.

Пари од по 7.083 денари земал и Петрит Сарачини кој е постојано присутен на иницијативите на Протестирам, но и ќе остане запаметен по физичкиот атак врз новинар.
Освен Љубомир Фрчковски, неговата керка Лени и синот Јон, пари земала и неговата поранешна демонстраторка Ана Чупеска од Правниот факултет. Таа од Македонскиот центар за европско образование земала 13.330 денари. А на списокот на Македонското здружение на млади правници со хонорар се стекнала и уставниот судија Наташа Габер која беше именувана на предлог на Бранко Црвенковски.
Мартина Смилевска која е прв човек на соросвото македонско здружение на млади правници за 2014-та година инкасирала 528.000 денари, а во 2015-та дополнителни 1.056.195 денари. Додека Зоран Дранговски од истата оваа организација заработел 432 илјади денари во 2014-та а наредната година дополнителни 558 905 денари.
Од навидум непрофитната организација Младински образовен центар, Александра Груевска заработила 383.208 денари во 2014-та година, а наредната дополнителни 584.044 денари. Дона Костуранова од истата оваа организација која е најгласна во протестите на улиците заработила за две години 1.256.221 денар. За истиот овој период од МОФ Сандра Атанасова зработила 1 милион денари.
Дека сумите се фрапанти кои ги добиваат овие пара организации покажуваат приходите регистирани во Соросовата НВО Инфо центар. Билјана Бејкова од оваа организации за 2014-та и 2015-та година заработила 1.661.126 денари, а вистински рекордер по инкасирани средства кои се дел од аферата платеничка револуција е и програмскиот координатор на СОРОС Неда Коруновска која заработила за последните две фискални години 1.709.200 денари.
Дел од аферата платеничка револуција е и професорот Гордан Калајџиев, кој фрлаше со боја врз објектите кои беа мета на шарената револуција и кој пред неколку дена отворено се закануваше дека ако треба ќе паднат и жртви. Во позадина на ова, неговиот активизам си го наплаќа од повеќе соросови невладини организации.
Така во 2014-та година во повеќе наврати инкасирал по 9.252 денари од Транспарентост Македонија, како и дополнителни 13 илјади денари од ФОРУМ ЦСИД. Во 2015-та година инкасирал хонорари од по 10.870 денари.
Стевчо Биновски кој е син на претседателот на основниот суд Прилеп и моментално вработен во основното јавно обвинителство во Прилеп, си инкасирал само преку соросовата цивил нешто над 1.000 евра, како и други средства преку ПАКТИС Центарот  за стартегии и развој.
Аферата „Платеничка револуција“ открива и голема новинарска фабрика составена од новинари платеници кои добивале хонорари од чадорот на невладини организации на СОРОС. Звучни новинарски пера се наоѓаат на платните списоци на соросовите невладини, а во игра биле милионски заработки и хонорари. Токму најгласните новинарски пера против власта се оние кои се офајдиле со хонорари.
Во 2014-та година Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации инкасирал 1.354,022 денари, а минатата година од истата организација заработил неверојатни 1.420,425 денари. Исто така и новинарката Сабина Факиќ која беше дел од сдсмовската фабрика во 2004-та година, таа сега е дел и од аферата платеничка револуција. Таа во 2015-та година од  соросовиот Центар за граѓански комуникации инкасирала 1.328,172 денари.
Пари земал и новинарот Драган Антоновски, кој верувале или не последно во јавноста говореше за етика во новинарството и дел од т.н. Совет за етика. Тој од Центарот за развој за медиуми инкасирал 56.433 денари.
Неизбежно, кога станува збор за СОРОС е и името на Бранко Геровски, кој е главен уредник на порталот Плус Инфо, и на весникот Слободен печат. Освен тоа што не се крие финансиската поддршката која СОРОС Македонија ја има кон неговите медиуми, тој во 2014-та година си инкасирал и личен хонорар од по 5.846 денари од соросовиот НВО Инфо Центар. Тоа не било доволно, па неговата сопруга Биљана Илиќ Геровска од Центарот за развој на медиуми инкасирала 48.000 денари, а во друг наврат претходно по нови 7.290 денари.
Поранешниот новинар, а сега вработен од една од соросовите организации – ФОРУМ ЦСИД, Александар Николиќ Писарев, инкасирал 901.986 денари за последните две години, а пари земал и од Пактис Центарот, како и од Плоштад Слобода во висина од 35.871 денари. Дополнително во 2014-та година инкасирал пари и од соросовата Цивил во висина од 22.079 денари.
Во платеничката револуција е дел и новинарот на Фокус, Саше Димовски, кој минатата година освен приходите од плата, земал 60.000 денари од Македонско здружение за млади правници и дополнителни 52.802 денари од Центарот за развој на медиуми. Тој во 2014-та година пари земал повторно од македонското здружение за млади правници како и хонорари од Центарот за развој на медиуми.

 
Минатата година новинарот Владе Ѓорчев земал  627.599 денари и уште еден хонорар од 12.582 денари од соросовата организација Метаморфозис. Во истата дружина е и новинарот  Владо Апостолов кој минатата година земал по 7.290 денари од Центарот за развој на медиуми, и имал повеќе исплати од по 16.990 денари од соросвата ФОРУМ ЦСИД, исплати кои во различни износи продолжиле и минатата година.
Дел од аферата платеничката револуција се и новинарите Билјана Секуловска од Нова ТВ, која инкасирала по 7.290 денари од Центарот за развој на медиуми во 2014-та година, а истата година од истата организација се офајдил и уредникот на ФОКУС, Зоран Димитровски.
Од Центарот за развој на медиуми земал пари и новинарот и сопственик на сајтот А1 Он, Предраг Петровиќ, кој освен поддршката за сајтот земал и додатни 7.290 денари.

Поранешната уредничка на порталот Телеграф, која сакаше да се прогласи за жртва и го напушти местото на кое работеше поради наводни притисоци кои се коселе со нејзините етички стандарди, Ивана Костовска, за својот активизам си добивала и финансиска надокнада од 19.790 денари од соросовата Центар за развој на медиуми.
Ништо полошо не поминала и новинарката Ида Портуѓер која од НВО Инфо Центарот во 2014-та година земала 17.778 денари, а минатата година инкасирала пари и од Центарот за развој на медиуми.
Пари од соросовата Метаморфозис во висина од над 340.000 денари земал минатата година и новинарот Горан Ризаов инаку син на новинарот Ерол Ризаов. Од Метаморфозис за истиот период пари земала и Оливера Војновска од Утрински весник во висина од 45.079 денари.
Новинарот Зоран Бојаровски кој што е и колумнист на Слободен Печат и Плус Инфо, минатата година инкасирал 174.838 денари од Соросовата ФОРУМ ЦСИД, а пари земал и од Центарот за развој на медиуми. Дополнително претходната фискална 2014-та година во три наврати од ФОРУМ на СОРОС земал вкупно 165.448 денари.
Новинарот Зоран Бојаровски кој што е и колумнист на Слободен Печат и Плус Инфо, минатата година инкасирал 174.838 денари од Соросовата ФОРУМ ЦСИД, а пари земал и од Центарот за развој на медиуми. Дополнително претходната фискална 2014-та година во три наврати од ФОРУМ на СОРОС земал вкупно 165.448 денари.
Пари за својот активизам земал и главниот уредник на новата ТВ Шења, Мухамед Зекири, кој минатата 2015-та година од ФОРУМ ЦСИД земал на два пати по 8.520 денари. Од истата оваа соросова организација пари земале и новинарите Сашка Цветковска од НОВА ТВ, како и Огнен Јаневски од ТВ 24Вести, е и ќесток поборник за правата на ЛГБТ заедницата.
Пари земал и Јофе, односно Јован Постоловски од порталот Либертас. Тој во 2014-та година од Центарот за развој на медиуми си инкасирал по 7.290 денари, а од истото место пари земал во 2015-та година и новинарот на Телма, Дарко Чекеровски, додека пак новинарката Мери Јордановска остварила приход од сoросoвата ЦИВИЛ во 2014-та година.
Интересен е фактот што и покрај обвинувањата на опозицијата дека Јавниот Сервис МРТВ е под жестоко влијание на Власта, постојат новинари од овој медиум кои се на платниот список на соросовите медиуми. Новинарката Фиљана Кока во последните две години инкасирала примања од соросовиот Центар за развој на медиуми од по 3.750 денари.
Меѓу стотиците кои инкасирале пари за својот активизам е и Жарко Трајановски од ГЕМ клубот. Тој на пример во 2014-та година земал близу 60 илјади денари бруто приход од соросовата ФОРУМ ЦСИД.
Истата година од Македонскиот центар за европско образование пари земал и аналитичарот Суад Мисини кој инкасирал по 13.667 денари. Ова покажува дека не беше за џабе штрајкот со глад кој Мисини го практикуваше неколку дена пред македонското собрание.

 
На платеничкиот список на соросовиот Македонски центар за европско образование се наоѓа и блогерот Влатко Станковски Васиљ, кој својот активизам го вреднувал по 81.730 денари.
Андреја Стојковски од МЦЕО кој често во јавноста ги застапува ставовите на СДСМ и опозицијата минатата година инкасирал 895 илјади денари, а во 2014-та година инкасирал 1.054,103 денари од истата организација.
Дека и протестите на пленумите предминатата година беа директно финансирани од соросовите организации покажуваат приходите на Блажен Малески, член на Студентскиот пленум кој во 2014-та година заработил 356.796 денари од Реактор Скопје, а пари заработила и Тања Малеска од истата организација заработила 1.453,528 денари.
Пари земала и поранешниот  член на антикорупциска Вања Михајлова која минатата година од соросовата Транспарентост заработила 324.222 денари, а 2014-та околу дополнителни 126 илјади денари. Снежана Трпеска од Македонскиот институт за медиуми земала по 6.666 денари од Центарот за развојот на медиуми
На платниот список се наоѓа и пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска од СДСМ која од ХЕРА заработила 17.853 денари, додека Стојановски Филип од Соросовата Метаморфозис заработил над 945 610 денари.
Продолжува платеничката револуција и на полето на новинарството. Имено новинарката Гордана Дувњак од Утрински весник, која е дел и од ЗНМ, земала во 2015та година пари од Центарот за развој на медиуми, а пари земал и нејзиниот син Стефан Дувњак од соровата МЦЕО во 2014та година во износ од по 23 333 денари.
Вистински рекордери по приходите се вработените во СОРОС Македонија. Освен Милчин, Фани Каранфиловска таму високи приходи има и Зоран Цали, кој како административен директор  во 2014-та година земал речиси 3 милиони денари поточно бруто приход од по 2.914,462 денари, а минатата година остварил приход од огромни 3.226,704 денари, додека Сунчица Костовска-Петровска, Директорка на програма во Сорос Македонија земала 2.091,079 денари во 2014-та година.
Доколку  ги пресметаме  горенаведениве суми на хонорарите на  до сега наведените личости  ќе добиеме груба бројка од  40 милиони денари.  Накратко вештачки искреираната криза од страна на шарените до сега чини 40 милиони денари, но само до сега. Се разоткрива логистичката мрежа и излегува на виделина вистината за шарената револуција, која всушност е скапо платен проект зад кој стојат милион

Пронајдете не на следниве мрежи: