Овој период доста актуелни станаа можностите за летување на Македонците преку кредити од банките. Но, колку е тоа добро за самите Македонци и дали тие се решаваат за ваков чекор иако не можат да си го дозволат?Туристичките понуди се доста активни овој период од елтото. Секој сака да оди на одмор со своето семејство или со пријателите. Но, прашањето е колку може да си го дозволи тоа и дали има доволно заштедено или треба да бара спас во кредитите за летување кои ги нудат банките во Македонија?
За туристичката летна сезона 2013-та банките потврдуваат дека значајно е зголемен интересот за кредитни картички и за ненаменските потрошувачки кредити, банкарски производи до кои најбрзо и најлесно се доаѓа, пишува Фактор.
„Во нашата банка во овој период најбарани се т.н кредити за рефинасирање. Станува збор за кредити со кои граѓаните ги покриваат долговите што ги имаат во другите банки по основ на веќе земени кредити и минуси на кредитни картички“ велат за Фактор од Стопанска Банка – Битола.
Наплив од барања за одборувања, најчесто на потрошувачки кредити, има и во НЛБ Тутунска Банка.
„Во овој период има значајно зголемен обем на барањата за потрошувачките кредити. Најчесто граѓаните не ги користат само за туристички цели, односно земаат кредит кој дел го користат за други потреби а во периодов парите им се наоѓаат и за покривање на еден летен одмор. Најбаран е Виолетовиот кредит за кој се нуди фиксна каматна стапка од 6,5% за првата година. Атрактивен е и 10-годишниот рок на отплата на кредитот“, објаснуваат од НЛБ Тутунска Банка.
Во летниот шпиц зголемена побарувачка има и за кредитните картички, пишува Фактор.
„Во нашата банка кредитните картички по правило ги даваме како гратис во пакет со одборен кредит, за што не се наплаќа провизија. Банката работи со “Виса“ кредитните картички. Во овој период е регистриран зголемен интерс“, објаснуваат од битолската Стопанска Банка.
Дека кредитните картички се атрактивни – поврда и од НЛБ Тутунска Банка.
„Во летниот период кредитните картички се користат многу. Регистрирана е и зголемена побараувачка и зголемен промет преку кредитните картички.Според досегашните пресметки, двојно, друри и тројно е зголемен прометот на посттерминалите на банаката што се лоцирани во туристичките агенции – што е потврда дека искористеноста е голема.“ објаснуваат од НЛБ Тутунска Банка.
Кредит со слична намена нудат и од Стопанска Банка – Битола.
„Станува збор за наменски кредит кој може да се користи за школување, купување на мебел , плаќање на летен одмор. Максималниот износ на овој кредит може да изнесува 1 000 евра“, велат од Стопанска – Битола.
Дали Македонците кои земаат кредити од банките за одење на одмор на некое егзотично место, ќе ги заглават повеќе од што сметале, тоа зависи од нив и нивната одговорност во начинот на редовната исплата. Туристичките понуди се доста активни овој период од елтото. Секој сака да оди на одмор со своето семејство или со пријателите. Но, прашањето е колк