Колку е ОПАСЕН флертот на работното место?

Благодарение на флертот на работа личноста станува посамоуверена, позадоволна и попродуктивна, но тенка е границата помеѓу безопасната игра на заведување и впуштањето во нешто при кое можат да бидат повредени многу луѓе.Дефиницијата за флерт вели дека станува збор за безопасна игра на заведување чија цел е забава и дека укажува на перетни онервосирање за некој, без никакви сериозни намери за постигнување нешто повеќе или започнување на љубовна врска, пишува порталот „Woman Life Style“.
Меѓутоа, стручњаците предупредуваат дека сè мора да остане во границите, бидејќи флертот може да биде силен инструмент кој има многу предности – може да „напумпа“ со самодоверба, да опушти и да го намали стресот на работа, но и да создаде цврста поврзаност со колегите на работа и надвор од неа.
Уште поинтересен е фактот дека во едно американско истражување објавено во списанието „Лична и социјална психологија“, дошле до резултати кои велат дека жените кои користат флерт на работа се многу подобри при преговарање и постигнување на своите цели за разилка од оние кои не флертуваат.

Исто така, психолозите сметаат дека имањето на некој близок во работната средина помага при оттргнувањето на лошите чувства на конкуренцијата на работа, што како резултат може да има зголемена продуктивност и севкупно задоволство на работа.
Меѓутоа, иако не постои видлива линија, никогаш не треба да се заборави дека таа се наоѓа онаму каде што личноста ќе ја зацрта и тоа на местото кое ги разделува забавата и непријатноста и колегата од сериозна врска.
– Поставувањето граници има клучна улога во тоа да не заборавите што е прикладно однесување во работна средина – велат стручњаците и препорачуваат внимание кон партнерот/партенрката да не се почувствува запоставен/а или загрозен/а поради некој колега.
Од друга страна, не се занемарливи ниту предностите при одржување на ваква врска, бидејќи воопшто не е лошо личноста да има дежурен колега за флерт на работа, бидејќи тогаш работното време навистина ќе пролетува.Дефиницијата за флерт вели дека станува збор за безопасна игра на заведување чија цел е забава и дека укажува на перетни онервосирање за некој, без

Пронајдете не на следниве мрежи: