Колку е стара Ева?

Досега најобемното истражување откри пред колку години живеела “митохондралната Ева“ – прамајката на сите луѓе.Анализата на митохондралниот ДНК – геном кој се пренесува само по мајчината линија и кој води до една единствена жена сугерира дека нашата прамајка живеела пред 200.000 години, пишува Live Science. Овој временски период се поклопува со периодот во кој се верува дека се појавиле и првите модерни луѓе.
За време тригодишното истражување објавено во списанието “Theoretical Population Biology” Марк Кимел од Рајс универзитетот во Тексас и полскиот научник Кшиштоф Сиран ги споредиле податоците од претходно утврдените 10 генетски модели. Започнале со податоци за митохондралната ДНА претходно собрана од случајно одбрани донатори на крв.

 
Добиените модели дале различни претпоставки. Според една од нив, која истражувачите ја сметаат за помалку веројатна, човечката популација растела рамномерно, приближно со експоненцијална стапка. Другиот, според научниците пореален модел, претпоставува дека човештвото растело нерамномерно во наизменични периоди.
Сепак, сите модели укажуваат на тоа дека прамајката живеела пред приближно 200.000 години. Но, тоа не значи дека таа била првата модерна жена, туку дека нејзините наследници преживеале до денес.
„Секогаш има некоја друга жена која претходела на митохондралнатa Ева, но чија ДНА не успеала во современото време“ рекол Кимел. „Возраста на митохондралната Ева е секогаш помала од возраста на вистински првата модерна жена“.
iluzionist.com.mkАнализата на митохондралниот ДНК – геном кој се пренесува само по мајчината линија и кој води до една единствена жена сугерира дека нашата прамајка

Пронајдете не на следниве мрежи: