Колку е важно губењето на невиноста?

Во различни култури, губењето на невиноста има различно значење. Колку на лично ниво е значајно нејзиното губење за сексуалниот живот на жените, најдобро покажуваат нивните искуства за нивниот прв фамозен секс.
1. „Тој беше оженет и 30 години постар од мене“
Тој беше женет, 30 години постар од мене и виновен дека правеше прељуба. Толку го посакував тоа, и на крај го добив. Гол маж лежеше над мене, а се што мислев во тој момент беше: „Господе се надевам дека ова веќе никогаш нема да го направам“.
2. „Не болеше, но не беше ни пријатно“
Имав 15, а он 19 години. Не го прашав дали и он бил невин, но претпоставувам дека беше. Избегнував контакт со очите бидејќи ми беше непријатно. Не болеше воопшто, но не беше ни добро. Се прашував дали сум можеби асексуална. После сексот долго разговаравме, и нашето второ сексуално искуство беше по пријатно.
3. „Ја изгубив невиноста на трамболина“
Сите мои пријателки невиноста ја изгубија пред мене, јас чекав да наполнам 16 години. На забавата забележав едно пријатно момче. Водевме љубов на трамболина и не беше ништо посебно, не беше онака како што јас замислував, но стана одлична тема за дискусија со пријателките.
4. „Се уште сум во врска со мојот прв сексуален партнер“
Мојот прв секс беше со жена. Тогаш беше пролет. Отидовме во ботаничката градина држејќи се за рака. Водевме љубов под јорган, беше тоа убаво искуство. Ние две се уште се сакаме.
5. „После сексот. Излеговме од автомобилот и секој си отиде по свој пат“
Ја изгубив невиноста со момче од класот во кој бев заљубена. Имав 18 години. Тој беше далеку од мојот дофат се до еден ден кога почнавме да се шегуваме на таа тема. Утредента се најдовме и двајцата го имавме првото сексуално искуство во животот, во неговиот автомобил. Не болеше но не беше ни пријатно. Најчудно е што после тоа, излеговме од автомобилот и секој си замина по свој пат.
6. „Нај неромантичната вечер во мојот живот“
Двајцата имавме 17 години. Мојата мајка не однесе до неговата куќа, бевме сами, но нормално мајка ми не знаеше за тоа. Само што завршивме со сексот, некој влезе во куќата. Првото нешто на што помислив беше тоа дека мајка ми се вратила. Но тоа беа неговите пријатели. Романтичните вечери дури потоа следеа во мојот живот.
7. „Се запрашав дали воопшто имаше секс“
Првото сексуално искуство го доживеав непосредно пред мојот 16 – роденден и беше како во хорор филм. Додека лежеше над мене, постојано го прашував дали ние водиме љубов. Ми одговараше потврдно но јас немав такво чувство. По некое време осетив нешто. Не болеше. Тој уживаше и рече дека се чувствува феноменално. Беше готово, а не добив ни бакнеж од него. Се вратив дома, се истуширав и спиев се додека не ме разбуди алармот за во училиште.
8. „Толку ги стискав очите при што ми испаднаа контактните леќи“
Бев средношколка, мојата мајка и сестра беа далеку. Го направив тоа во дневната соба. Толку ги стискав очите што моите контактни леќи ми испаднаа, моравме да престанеме со партнерот.
9. „Не знаеше дека сум девица“
Јас ја изгубив невиноста прилично доцна, околу 24-тата година. Се забавував со момче на кое не можев да му кажам дека сум невина. Секогаш кога зборувавме за секс гледав да ја променам темата. Една вечер испивме малку повеќе и имавме секс. Не ни забележа дека сум девица. Во ред е да имате прв секс кога ќе осетите потреба за тоа и кога ќе биде подготвени. Не треба да чувствувате никаков притисок.
10. „Првиот секс беше одличен“
Првото сексуално искуство го имав на 16 години со момчето со кое се забавував 8 месеци. Тоа беше на 30-ти декември. Тој исто така беше невин. Беше прекрасен. Останавме заедно до крајот на факултетот, вкупно 2.5 години. Многу бев тажна кога раскинавме. Освен мојот сопруг, тој е единствен маж со кој сум имала односи. По 22 години се сретнавме и разговаравме за тоа. Ми рече дека се сеќава на се.Во различни култури, губењето на невиноста има различно значење. Колку на лично ниво е значајно нејзиното губење за се

Пронајдете не на следниве мрежи: