Колку ќе чини Биг Мек во Мегдоналдс доколку се зголемат платите на вработените?

Вработените од Мегдоналдс и другите ресторани за брза храна во Америка почнаа да штрајкуваат се со цел да си ја зголемат платата која во моментов изнесува 8 долари на час. Откако почнаа да штрајкуваат вработените од рестораните на Мегдоналдс и другите ресторани за брза храна во Америка, се постави прашањето што ќе се случи доколку фирмата реши да ги зголеми платите и дали тоа ќе влијае на зголемување на цените на храната од Мегдоналдс и другите ресторани. 
Според истражувањата на businessinsider.com, еден оброк Биг Мек во Америка моментално чини 3.99 долари. Доколку фирмата реши да ги послуша барањата на вработените и да ја зголеми нивната плата од 15 долари на час, тогаш еден оброк Биг Мек би чинел 4.67 долари. 
Но, доколку се случи да се зголемат платите на вработените, но да не се зголеми цената на Биг Мек, тогаш фирмата ќе мора да издвои уште 17 отсто од приходите за плата и други бенефиции на вработените, што и не е така голем процент во однос на милионската сума која ја заработува Мегдоналдс годишно. 
Дали Мегдоналдс ќе реши да ја зголеми платата на своите вработени, а притоа да не удри по џебот на граѓаните, останува да видиме. Откако почнаа да штрајкуваат вработените од рестораните на Мегдоналдс и другите ресторани за брза храна во Америка, се постави прашањето што ќе се

Пронајдете не на следниве мрежи: