Samsung започна да испраќа покани за настанот Galaxy Unpacked 2015, кој ќе се одржи на 1-ви март на MWC конференцијата во Барселона. Се претпоставува дека тогаш корејскиот гигант ќе го презентира новиот Galaxy S6…Според извори блиски до компанијата, Samsung ќе презентира две различни верзии на телефонот – покрај Galaxy S6, би добиле и Galaxy S6 Edge верзија со заоблен екран од едната или двете страни. Меѓу спецификациите се 5,2 или 5,5 инчен QuadHD екран, octa-core Exynos процесор со 64-битна архитектура, 4GB RAM и нова и екстремно подобрена 20 мегапикселна задна камера.
Телефонот најверојатно нема да биде водоотпорен, а ќе поседува скенер на отпечатоци кој работи на допир, наместо како досега на лизгање. Се прашувате колку ќе чини новиот телефон?
Шпекулациите велат дека базичната верзија со 32GB меморија ќе чини 749 евра, верзијата од 64GB ќе чини 849 евра и најдобрата верзија од 128GB ќе чини 949 евра.
Повеќе на: GSM.MKСпоред извори блиски до компанијата, Samsung ќе презентира две различни верзии на телефонот – покрај Galaxy S6, би добиле и Galaxy S6 Edge верзија