Колку Македонците во проценти ги мијат рацете по одењето во тоалет

Ова е една од основните лекции за чување на здравјето и се учи од најмали нозе. Оваа лекција на голем број родители во Македонија им успеала и на време им ја пренеле на своите деца затоа што процентот на луѓе кои ги мијат рацете со сапун по одењето во тоалет се наоѓа во група на тие најчесто што го прават тоа. Од земјите во регионот Македонците ги мијат своите раце повеќе од Бугарите додека пред нас се Србија, Романија и Босна. Помалку ги мијат рацете од нас, Шпанците, Французите, Англичаните, Германците, Данците…
На последно место во Европа се наоѓаат Италијанците со 57% од населението кое мие раце по заминувањето во тоалет.
Болестите од нечисти раце може да бидат опасни по здравјето и да бидат многу заразни. Со миењето на рацете по заминувањето во тоалет се грижите за своето, но и за здравјето на другите луѓе.
Сепак во случај да сте ја испуштиле оваа лекција за вас подолу имаме видео како правилно се мијат рацете. Се надеваме ќе ви користи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.