Колку навистина е свежа рибата што ја јадеме?!

Кога станува збор за здравите јадења, свежата риба се вбројува меѓу најдобрите опции што може да ги купите, но колку всушност е таа свежа во големите супермаркети.Истражувањето во Британија покажува она што се продава како свежа риба, понекогаш е стара и до три недели и веќе е расипана.
Во идеалниот случај рибата која се продава во продавниците би требало да биде уловена еден ден претходно или уште подобро во раните часови истиот ден и да биде ставена на лед и истиот ден доведена до продажното место. Меѓутоа Daily mail пишува дека свежата риба во продавниците е невозможна комбинација.
Повеќето луѓе прифаќаат дека рибата што се продава е два или три дена стара, но замислете рибата да е стара три недели.
За да дознае колку е вистински свежа рибата што се продава, Михаела Арчер, експертката за риби со 17 годишно искуство, со помош на стандардните тестови истражувала колку парчињата бакалар, риба лист и лосос се тазе. Таа испитувала риба од големи супермаркети и од неколку независни рибарници.

 

Резултатите покажале дека некои парчиња риба биле оставени на лед повеќе од десет дена од уловувањето, а до седум дена се смета дека староста на рибата е прифатлива. Третина од рибите што ги тестирала не ги задоволувале условите за прифатливост, односно биле само неколку дена пред почеток на фазата на труење и распаѓање.
Арчер која работи во Seafish, британската организација која ја помага рибната индустрија, вели дека резултатите се непријатни за прехранбената индустрија и многу разочарувачки. Тие покажуваат дека огромен процент од рибата во големите супермаркети е на самата граница на потрошувачка прифатливост, наспроти тоа што се продавала како свежа.
Извор: Кајгана.мкИстражувањето во Британија покажува она што се продава како свежа риба, понекогаш е стара и до три недели и веќе е расипана.
Во идеалниот с

Пронајдете не на следниве мрежи: