Колку оброци дневно треба да јадете за да се ослободите од вишокот килограми

Дали некогаш сте се запрашале што е подобро: Да јадете три поголеми оброци, без ужина меѓу нив или да јадете шест помали оброци? Мислењата по ова прашање варираат во зависност од потребите и целта која сакате да ја постигнете.Доколку сакате да ги намалите вишокот килограми најдобро е да одберете една конкретна програма и да се водите по неа. Во прилог ви објаснуваме за подобриот начин до намалување на килограмите и зошто е тоа така.
Обилните оброци го оптеретуваат нашиот дигестивен систем. По обилен оброк често се појавува чувство на подуеност и намалена енергија бидејки телото ја троши истата за да ја обработи храната. Со јадење на помали оброци, го спречувате чувството на подуеност и му овозможувате на телото да ги врши своите функции без потешкотии. Кога јадеме големи порции, нивото на шеќер во крвта се покачува. Откако ќе заврши процесот на варење на храната, нивото на шеќер во крвта паѓа, земајќи ја со себе вашата енергија и расположение.
 Со почести и помали оброци во текот на денот, вие ја одржувате стабилноста на енергијата и шеќерот, како и нивото на мастни киселини во крвта. Со јадење на шест помали оброци во текот на денот вие се чувствувате помалку гладни и на тој начин и количината на храна која ја внесувате се намалува. Со зголемување на временскиот интервал меѓу оброците, се зголемува и потребата за храна, а со тоа и можноста за прејадување која е една од основните причини за прекумерна тежина.
Уште една причина поради која е добро да јадете шест оброци дневно е тоа што внесувате повеќе нутритивни вредности како витамини и минерали. Преку помали порции храна вие имате контрола над количеството протеин и хранливи влакна кои ги консумирате.
Појадокот е многу важен. Луѓето кои редовно појадуваат имаат поголема тенденција да ги намалат вишок килограми.
Сигурно се запрашувате и како да се натерате да јадете шест пати дневно? Направете план и јадете на временски интервал од три часа. Така најдобро ќе ги организирате своите оброци и со леснотија ќе се водите по тој распоред. Препорачливо е да појадувате во текот на првиот час од вашето будење и секој следен оброк да ви биде испланиран по три часа.
 
 Доколку сакате да ги намалите вишокот килограми најдобро е да одберете една конкретна програма и да се водите по неа. Во прилог ви објаснуваме за п

Пронајдете не на следниве мрежи: