Колку пари ќе добијат македонските олимпијци во Сочи?

На Македонците им ветија по 500 евра, но може да не ги добијат и тие ако имаат слаби резултати, а некои спортисти добро ќе земат „добри пари“од Олимписките игри во Сочи.Скијачката федерација на Македонија ќе ги награди тројцата учесници на Зимските Олимписки игри во Сочи со скромни 500 евра, но може да не ги добијат и тие пари.
Спортистите ќе го заработат бонусот само ако нивните постигнати времиња се до 10% послаби отколку на победниците.
Нашите знаат дека Македонците немаат шанси за медал, па воопшто не ни им ветија награди за вакво достигнување.
За разлика од нив, некои спортисти можат добро да профитираат од Зимските Олимписки игри во Сочи.
Од 26-те земји кои освоија медали на минатите Олимписки игри во Ванкувер, најмногу можат да ќарат спортистите од Казахстан.

За златен медал Казахстанците ќе заработат 250.000 долари, за сребрен 150.000, а за бронза 75.000 долари.
Зад нив се спортистите од Латвија на кои за злато им е ветоно по192.800 долари, Италијаните ќе ќарат по 189.800 долари, Белорусите 150.000, Естонците 138.500, а домаќините на своите златни олимпијци ќе им дадат по 113.200 долари.
Јужна Кореја на олимпијците кои ќе освојат злато ќе им даде месечна пензија од 923 долари, а Австријците пак ќе им подарат 17 сребрени монети кои вредат околу 21.600 долари.
Има и такви кои нема да им дадат никакви бонуси на нивните спортисти. Помеѓу нив се и Британците кои сметаат дека нивните спортисти не се мотивираат со финансиски награди.Скијачката федерација на Македонија ќе ги награди тројцата учесници на Зимските Олимписки игри во Сочи со скромни 500 евра, но може да не ги д

Пронајдете не на следниве мрежи: