Од ден на ден животот на младите станува се поскап. Ако порано сте можеле со 200-300 денари да излезете во град, да си платите пијачка, такси и влез за во диско, сега тие пари се дуплираат и просечно за една убава, нормална вечер во град ви се потребни од 500 до 800 денари.
Доколку имате над 1000 денари, тогаш може да се опуштите. За машките тоа значи дека може да си дозволат да почастат и некоја девојка, што им се допаѓа и сакаат да ја освојат. За девојките тоа значи дека може да посетат повеќе кафичи и клубови во текот на вечерта и во секој клуб да си купат пијачка, а на крај да имаат плус пари за такси.
Оние кои излегуваат со кола, треба да размислуваат да обезбедат пари за гориво. Доволно е 300 денари, колку толку да го наполнат резервоарот, за да можат вечерта да отидат до Центар и да се вратат дома.
А не дај Боже ако имаат девојка која им живее во некоја подалечна населба како Драчево, Радишани, Ченто, Ѓорче, Петровец…тогаш размисли три пати дали 300 декари за гориво ќе те покријат. Сепак машките сакаат да си ја вратат девојката безбедно дома и сигурно не би ја оставиле да се снаоѓа сама за тоа како ќе се врати дома и колку пари ќе потроши за такси од Центар до подалечните населби.
Да не го изоставиме моментот, доколку после добра забава со многу алкохол сакате да јадете нешто вкусно и сочно пред да си одите дома. Тука од старт треба да размислите дека 150 денари ќе ви отидат за Лесковачка, чикенбургер или обичен хамбургер.
Со ова заклучуваме дека животот на еден млад Македонец кој сака да си помине луда и незаборавна вечер во град е доста скап. Извесен период можеме да се потпреме на родителите кои ни ги обезбедуваат и овие финансии покрај останатите, потребни за факултет или училиште, но не секогаш ќе биде така.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Од ден на ден животот на младите станува се поскап. Ако порано сте можеле со 200-300 денари да излезете во град, да си