Колку писма годишно добива Дедо Мраз?

Најпопуларниот Дедо, Дедо Мраз секоја година добива милиони писма, честитки и искрени поздрави од целиот свет, со сите можни желби за подароци.Си-Ен-Ен врз основа на податоците од поштенските компании дојде до бројката на писма на овој омилен божикен лик, но и на другите кои претставуваат персонификација на празниците.
Годишно, најмногу пратки се од Франција, околу 1,7 милиони, следува Канада со 1,35 милиони и Соединетите Американски Држави со околу милион писма годишно упатени до веселиот дедо. Од поблиските земји, се наведува Унгарија, од која се испратени едвај  три илјади писма, од Австрија околу 6.500, а од Германија 300.000. Интересен случај е Финска,  каде се евидентираат писма од целиот свет (со оглед на тоа дека татковината на Дедо Мраз е Лапонија, која е дел од земјата)- годишно испраќа 550.000.

Оваа година Меѓународната поштенска унија, како организација која го усогласува работењето на поштите во 192 земји членки,  очекува дека низ рацете вработените и поштарите ќе поминат околу седум милони писма и слични дописи, адресирани до Дедо Мраз и неговите пријатели. Најнапорни денови им биле вторник и среда 10 и 11 декември, кога бројот на испратените писма бил 2,3 пати повеќе од вкупниот годишен број.
Добра работа за традиционалистите, кои преферираат пишување и испраќање (со пенкало во рака и потоа лепењето марки, не преку мобилен или мејл, да нема забуна) е тоа дека оваа година за 54,6 отсто се искачи бројката на таквите, во однос на 2010 година.
Приматот на Франција во однос на бројот на писмата упатени за Дедо Мраз произлегува од тамошниот обичај, кој го развива и поштенска служба, со цел кај децата и младите заедно со нивните родители да ги поттикне на овој вид комуникација.
 Си-Ен-Ен врз основа на податоците од поштенските компании дојде до бројката на писма на овој омилен божикен лик, но и на другите кои претставуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: