Сите очекуваме да сме најадени после оброкот кој количински и не беше така мал, меѓутоа сме зачудени од тоа што организмот ни бара уште храна.Не се чудете, бидејќи веројатно сте изеле некоја од следниве состојки.
Тие наместо да ве заситат, ве прават уште погладни, без оглед на количината која сте ја внеле:
Овошни каши и сокови
Сите каши и смутија кои се на течна база имаат малку протеини и влакна, заради што повторно сте гладни по 1 час. И покрај здравствените придобивки и витамини, инсулинскиот скок подоцна резултира со глад.
„Здрави“ слатки со ниско ниво на шеќер и јаглехидрати
Овие слатки често се означени како здрави и многу луѓе се залетуваат по оваа ознака, без да знаат дека многу од нив содржат сукралоза, вештачки засладувач направен од шеќер. Истражувањата покажуваат дека токму овој засладувач го покачува нивото на шеќер во крвта и само ве прави погладни.
Солени грицки
Солените грицки содржат многу хемикалии и многу сол. А, солта е позната по тоа што го зголемува апетитот.
Вегански чоколатца
Тоа што ќе изедете чоколатце означено како здраво, веганско или со ниско ниво на шеќер не значи дека сте завршиле добра работа. Напротив, истражувањата велат дека неколку коцки црно чоколадо со високо ниво на какао му помага на варењето.
Овесни плочки
Шеќерот кој го содржат, независно дали е од сируп, мед или чиста сахароза, ви го поткрева апетитот.
Печива
Рафинираните јаглехидрати, кои ги има во печивата и кроасаните, исто така дополнително ве огладнуваат. Иако во моментот се чувствувате сити, очекувајте глад најмногу 1-2 часа по нивното консумирање.
Сендвичи
Колку и да мислите дека сендвичот е пристоен оброк, реалноста е дека состојките во него често се лошо избалансирани, па затоа останувате гладни. Белиот леб содржи додаван сол и шеќер, а веќе знаете што предизвикуваат тие – глад.
Исто така, комбинирањето на туна, пилешко или сирења и кашкавали, со малку салата, не ве остава сити долго време затоа што квалитетот на оброкот е низок.Не се чудете, бидејќи веројатно сте изеле некоја од следниве состојки.
Тие наместо да ве заситат, ве прават уште погладни, без оглед на кол