Да се сакаш себеси е најдоброто нешто кое би можел да го сториш за себеси, а со тоа ќе го живееш својот живот во потполност и ќе го направиш да биде прекрасен.Многу често луѓето мислат дека љубовта спрема себеси е нешто себично, чувствуваат вина доколку нивните најдраги личности, не ги постават на првото место во својот живот, ставајќи се себеси во сенка. Ако размислувате на тој начин, запрашајте се: Како можам да дадам некому нешто, што јас го немам? Не би можеле да даваме љубов на другите, доколку таа љубов ја немаме во нас и за нас. Истото се однесува и за љубовта која ја примаме од околината, како можеме да почувствуваме и да бараме љубов, доколку ние самите не се сакаме. Љубовта спрема себеси ни носи мир, слобода и возможност да се достигне апсолутно сѐ што ќе посакаме во животот.
Малите бебиња, толку многу се сакаат себеси и немаат никакви препреки за тоа чувство, па дури и фактот дека на нив има извалкани пелени и облека, а сето тоа го чувствуваат бидејќи се родени со природно чувство на самоприфаќање и самоодобрување. Со тек на време нивното мислење за себеси почнува да се менува, љубовта која ја чувствуваат спрема себеси, почнува полека да се намалува бидејќи учат дека во животот сѐ треба да се заслужи, па дури и да се биде сакан. Скриените пораки за заслужувањето од детството, во многу голема мера допринесуваат за сликата на нашиот живот и љубовта, во периодот на созревањето. Меѓутоа, добрата вест е што таа состојба може да се смени кога ќе одлучиме да се сакаме себеси.
Нашите животни ситуации, нашето окружување, начинот на кој ги гледаме другите личности (дали ги осудуваме, критикуваме и озборуваме), реалните проблеми во кои се наоѓаме, симптомите и болестите на нашето тело, се показател колку навистина се сакаме себеси и дали воопшто се сакаме. Дали на личностите кои најмногу ги сакате и им посакувате се најдобро, би ми посакале да бидат во некоја од овие неповолни животни ситуации? Секако дека одговорот е НЕ. Нашиот живот, нашето мислење за сето тоа што нѐ опкружува и состојбата на нашето физичко тело, говори што е тоа што треба да поправиме длабоко во себеси. За да имаме желба за било каква промена, првенствено треба да добиеме желба да се сакаме себеси.
За да го исцелиме својот живот и за да започнеме да се сакаме себеси би можеле да се ослободиме од минатото преку простувањето на себеси и на другите, да се самоприфатиме и да избереме мисли кои ќе нѐ негуваат. Простувањето е најважниот процес на лекување на нашето тело, дух и срце. Тоа е највредниот подарок кој можеме да си го дадеме на себеси, а тој ќе ни донесе мир и спокојство. Сите во одреден момент делуваме на начин на кој најдобро знаеме и умееме, со разбирање и свесност која што ја имаме во тој даден момент. Кога ќе се ослободиме од минатото ќе му дозволиме на нашиот живот да ни го даде само најдоброто.
Самоприфаќањето е најбитниот чекор до развивање на љубовта спрема себеси. Сите сме целосни, потполни и секој од нас има единствени особености кои не се повторуваат. Прифатете се такви какви што сте, бидејќи сте единствени и прекрасни на свој начин. Не постојат никакви правила за тоа како некој треба да изгледа и треба да живее. Единственото правило е да бидеме тоа што сме ние. Нашите мисли го креираат нашиот живот и затоа секогаш за вас (за личноста која премногу ја сакате), бирајте мисли кои ќе ја негуваат, од кои ќе се чувствува прекрасно, а засекогаш простете се од оние мисли, кои ве измачуваат и создаваат сомнеж во себеси и своето постоење. Секоја моментална состојба е последица на нашето верување за животот, кое го креирме преку нашите мисли. Мислите се предходници на зборовите, затоа немојте да им давате на значење, а тоа ќе го постигнете така што ќе престанете да ги одобрувате и припремате за реална манифестација со вашите зборови. Сменете ја вашата приказна, одлучете да живеете во склад и љубов со себеси.
Со доаѓањето на овој свет сте добиле единствено право да имате сѐ што ви е потребно во вашиот живот, а појдовната точка за сето тоа е љубовта. Сакајте се себеси, бидејќи сте вредни за љубов со самото ваше постоење.
Пишува: Илина Ведран-лиценциран „Heal Your Life“ тренерМногу често луѓето мислат дека љубовта спрема себеси е нешто себично, чувствуваат вина доколку нивните најдраги личности, не ги постават на првото